Bilten 03.08

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Билтен на Слободен софтвер Македонија март 2008

Македонски верзии на пред-изданието на Firefox 3

Во текот на месец март почнаа да излегуваат и пред-издание верзиите на интернет прелистувачот Firefox 3 на македонски јазик. Во овој период преводот како и можностите на прелистувачот се финализираат и активно се доработуваат во пресрет на официјалната верзија Firefox 3.0. Македонската верзија може да се преземе од ftp.mozilla.org.

Ажурирање на OLPC лаптопите во Македонија

При крајот на месец март Слободен софтвер Македонија организираше еднодневен настан на кој беа ажурирани OLPC лаптопите со најнови верзии на оперативниот систем решавајќи ги неколкуте проблеми на дечињата од ОУ „Војдан Чернодрински“ кои ги имаа при нивното користење.

Слободен софтвер Македонија купи проектор

По успешната кампања за донации од минатиот месец, Слободен софтвер Македонија купи проектор за потребите на Сподели Кино и Сподели знање. Моделот на проекторот е BenQ MP620c. Им заблагодаруваме за донациите и за помошта околу купувањето на сите. Се гледаме на Сподели Кино и Сподели знаење.

Вака да ги пишеме?

  • Александар Балаловски 500
  • Александар Доков 1000
  • Ванчо Ордановски
  • Гоце Митевски 500
  • Димитар Талевски 200
  • Зоран Здравев 500
  • Игор Стаматовски 2500
  • Јорданка Петрушевска 1200
  • Македонијалек 5000
  • Непознато (ПроКредит Банка) 500
  • Нова Солутионс 3000
  • ОВИЕ? Кај мене има +500 денари од мајка ми и + 500 мкд од идсцс.

Одбележан Денот на слободни документи

На 26 март заедно со градовите на 20 земји во светот Слободен софтвер Македонија скромно го одбележа Денот на слободни документи со огранизирање јавна трибина на која беше дискутирана употребата на отворени стандарди во Македонија. Целта на ваков ден е да се подигне свесноста за употреба на отворени стандарди и документи кои ќе можат да се употребуваа на било која платформа во било кое време. Беа присутни преставници од Слободен софтвер Македонија, Метаморфозис, и заедницата на корисници на слободен софтвер. Фотографии од настанот може да се погледнат во Галеријата на слики.

Може да се допише дека и во Прилеп се прослави овој ден ?

Излезе Gnome 2.22

Излезе финална верзија на работната околина GNOME верзија 2.22. Нова верзија на работната околина GNOME излегува секои шест месеци, со нови опции, подобрувања, поправени „бубачки“ и преводи. Gnome меѓу другото е предефинирана работна околина на Ubuntu Linux оперативниот систем и е целосно преведен на македонски јазик. Погледнете ги белешките за изданието.