Хаклаб/Курсеви/Вовед во програмирање

Од Сподели wiki
Преработка од 12:25, 27 септември 2012; направена од Petrushev (разговор | придонеси) (Создадена страница со: == Практичен вовед во програмирање == programming 101 Ова е основен курс за програмирање за...)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Практичен вовед во програмирање

programming 101

Ова е основен курс за програмирање за кој не се потребни никакви предзнаења. Со него ќе ги научите концептите на програмирањето, основните делови на програмскиот јазик python и некои корисни алатки што ќе биде доволно да пишувате основни програми, а ќе можете и со леснотија да се впуштите во проучување и на покомплексни програмски концепти, програмирање за веб, десктоп, мрежи итн.

Предвидено е курсот да трае 5-6 недели, една сесија неделно со по два часа.

Преглед на курсот

  • Основи на програмирање - што е изворен код, како се структурирани програмите, како се извршуваат
  • Имиња, вредности, типови - кои се основни градбени единки на програмите
  • Контрола на тек - кој дел од кодот се извршува сега, како да се прескокне дел од програмата, а како да се повтори некој друг. како да се справиме со грешки
  • Функции - што да се прави кога некој дел од кодот ни треба почесто
  • Модули и пакети - за кутијата со алати на python
  • Практичен пример: Адресар - ги зачувува адресите и телефоните по име и презиме, за подоцна лесно да може да се пребаруваат
  • Практичен пример: Веб кролер - може да зачува содржина од цел веб сајт, и од неа да ги извади корисните работи.