Зависности

Од Сподели wiki
Преработка од 17:34, 29 јануари 2011; направена од Admin (разговор | придонеси) (2 ревизии: initial)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Зависностите претставуваат потреба од инсталација на софтверски пакети за функционирање на одредена апликација или пакет. Одредени апликации се потпираат на можностите што други програми ги нудат или нивни модули и библиотеки.

Речиси секој пакет има своја зависност. Така на пример, апликацијата Kaffeine, покрај многуте други зависности зависи од библиотеките на проектот Xine. Некои софтверски пакети ќе ја одложат својата инсталација додека не се инсталираат сите барани зависности, додека други ќе се инсталираат без можностите што ги пружаат кои доаѓаат од зависностите.

Формати на пакети кои денес кај GNU/Linux дистрибуциите се користат најчесто се Deb и Rpm (иако постојат и многу други), и нивните соодветни програми за инсталација Dpkg и rpm. За потребите на разрешување на зависности на овие програми се користат скрипти или цели апликации наречени менаџери за пакети

Денес постојат многу менаџери за пакети кои се справуваат со зависности. Еден од најпознатите е APT, кој има големи можности за справување и манипулација со зависности и пакети. Најчесто за овој пакет менаџер се користи интерфејсот Apt-get. Од друга страна, кај Rpm базираните дистрибуции еден од менаџерите за справување со пакети е Yum.