Јадро

Од Сподели wiki
Преработка од 17:33, 29 јануари 2011; направена од Admin (разговор | придонеси) (5 ревизии: initial)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Верзијата за печатење повеќе не е поддржана и може да дава грешки. Подновете си ги бележнците во прелстувачит и користете ја можноста за печатење од самиот прелистувач.

Во информатичката технологија термин кој најдобро ќе ја опише сржта на системот е јадро. Тој се грижи за справување со ресурсите на системот и за комуникацијата помеѓу хардверските и софтверските компоненти. Како основа на сите оперативни системи јадрото обезбедува операции од ниските нивоа на слојот за апстракција за ресурси (особено меморија, процесори и влезно/излезни уреди) кои апликациите треба да ги контролираат за да ја обавуваат својата функција. јадрото ги олеснува овие потреби за процесите на апликациите преку механизми за комуникација меѓу внатрешните процеси и системските повици.

Овие задачи се применети на различен начин за секој тип на јадро, во зависност од имплементацијата на нивниот дизајн. Додека монолитичките јадра се трудат да ги обезбедат овие потреби преку извршување на целиот код во еден мемориски простор/локација за зголемување на перформансите на системот, микро-јадрата ги обавуваат овие задачи во корисничкиот мемориски простор, трудејќи се да ја зголемат прилагодливоста и модуларноста на системот. Помеѓу овие две можности постои цел опсег од можности.

Повеќето оперативни систем се потпираат на јадрениот концепт за системи. Постоењето на јадро произлегува од дизајнирањето на систем како серија од апстракциони слоеви, при што секој од нив се потпира на функциите на слојот едно ниво пониско. јадрото од оваа гледна точка едноставно името кое е дадено на најниското ниво на апстракција кое е применето за даден софтвер. Со цел избегнување на јадро, потребно е да се дизајнира целиот софтвер на оперативниот систем да не пристапува до апстракциони слоеви. На тој начин ќе се зголеми сложеноста на дизајнот до толкава мерка што само наједноставните системи би можеле да се имплементираат.

Врски