Бонтон за ossm-members: Разлика помеѓу преработките

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
с (8 ревизии: initial)
Ред 65: Ред 65:
Ако сакате со членовите на листата да споделите некоја датотека, слика, документ, може да испратите порака во која ќе објасните за што се работи и ќе дадете интернет-адреса (линк) на која ќе може да се најде таа датотека. Направете си некоја едноставна веб-страница на која ќе може лесно да си ги префрлате датотеките.

== Текст да, html никако! ==
== Текст да, html никако! (паа... deprecated?)==

Не испраќајте на листата пораки во html-формат! На скоро сите поштенски листи „куќниот ред“ вели пораките да се испраќаат само како обичен (plain) текст. Пораките испратени во html-формат зафаќаат повеќе килобајти, а и меѓу нас има такви кои користат конзолни клиенти за е-пошта што не отвораат html-пораки. Праќањето пораки во текстуален формат се конфигурира во Вашиот клиент за е-пошта (побарајте ја опцијата "use plain text only" или слично).

Преработка од 14:40, 9 април 2011

Ossm-members е поштенската листа на НВО „Слободен софтвер Македонија“.

За да ни биде пријатно на сите нас дружењето на листава, за да ни биде лесно читањето на пораките, за да има што повеќе корисен и интересен текст во пораките и што помалку глупости, за да бидете сигурни дека Вашиот текст ќе биде прочитан, а не набрзинка разгледан и прескокнат... не е лошо да се држите до некои основни правила кои и онака спаѓаат во класичниот интернет-бонтон. Еве ги тука. Ако сте нов член или членка ќе биде многу корисно да ги прочитате, а и ако сте веќе резидентни, нема да биде лошо да се потсетите на нешто.

Правила за однесување на листата

  1. Не е дозволено навредување на другите членови, користење на (претерано?!) вулгарни изрази... До сега немало вакви испади, се надеваме дека така и ќе остане.
  2. Не е пожелно карање со другите, но тешко дека во светов постои листа на која никогаш немало некакви ситни караници. Воздржете се ако може, обидете се да ја одделите расправата во посебна нишка на пораки за оние што не ги интересира да можат лесно да ја прескокнат. До сега бевме мирољубива листа, се надеваме дека така и ќе остане.
  3. Доколку некој испрати порака која не е според правилата на бонтонот, не одговарајте на пораката само за да го опоменете дека неправилно ја напишал пораката. Забелешката за неправилно форматирана порака испратете ја на приватната адреса на испраќачот или евентуално како пост-скрипт на Вашата порака. Одговарајте само на темата на пораката.

Како да пишувате порака на листата

Во кратки црти

  1. Користете го вашето име и презиме за да пишувате на листата
  2. Припазувајте ја основната тема на листата (Слободен Софтвер, Linux)
  3. Насловот на пораката треба да одговара на нејзината содржина
  4. Цитирајте го само најпотребното
  5. Форматирајте ги пораките така што да бидат лесно читливи
  6. Само обичен текст, без html!
  7. Кога може, користете кирилица

Тема

Потрудете се во пораките да се држите до основната тема на поштенската листа, а тоа е слободен софтвер и сѐ што има врска со него.

Далеку од тоа дека атмосферата на листата треба да биде како во музеј. Добра зафрканција или интересна приказна се секогаш добродојдени - се работи за тоа излетувањата од темата да ги сведеме на разумна мерка за да можеме на оваа поштенска листа да имаме што повеќе корисни информации за слободниот софтвер (не заборавајте дека оваа поштенска листа може да ја прочита секој). Не се сите членови заљубени во слободниот софтвер: некои се тука само од љубопитност, поради некој благ афинитет кон целата работа и нејасни идеи од типот на „би можел и јас еден ден да инсталирам Linux, само кога инсталацијата би била полесна...“. На таквите бргу би им здодеала листа со полно пораки кои немаат врска со слободниот софтвер (всушност, бргу би им здодеала и на останатите).

Ако сте решиле да напишете нешто што е надвор од темата, тогаш би било згодно тоа и да го нагласите, со еден „(off topic)“ кој би го додал на почетокот на насловот на пораката.

Наслов

Насловот треба колку што е можно повеќе да одговара со содржината на пораката. На секој од нас повремено му се случува да пишува за баби, а во насловот на пораката да стави „жаби“, но треба да се трудиме за некој наш состанок да не се договараме под наслов „Linux ЦД“. Зошто е ова битно? Затоа што:

  • Кога меѓу еден куп пораки во поштенското сандаче ќе видите наслов „Договор за состанок во недела“, тогаш знаете дека треба да ја погледнете прво таа порака, бидејќи е недела, 12 на пладне, а состанокот ни почнува во 17.
  • Кога после две години во архивата ќе барате нешто за OpenOffice.org, сигурно нема да Ви падне на памет дека информацијата се крие во пораките кои се маскирани со наслов „Проблем“.
  • На листава веројатно има и членови кои се претежно заинтересирани за користење на слободен софтвер, но не и за сите дискусии поврзани со развој, локализација, прилагодување на слободниот софтвер. Од друга страна има членови кои се заинтересирани баш за ова второто. Доколку насловите се соодветни со пораките, секој од нас ќе може да ги прескокне пораките кои не го интересираат.

Цитати

Потрудете се цитатите од пораката на која одговарате да се најдат на логични места во Вашата порака:

    > Цитат на кој одговарате

    Вашиот одговор

    > Друг цитат на кој одговарате

    Вашиот одговор

Тешко е да се сетите на барем една причина (освен мрзливост) поради која треба да се цитира целата порака на која се одговара. Цитирајте ја само суштината, она на кое навистина одговарате, она што сакате да го коментирате. Не допуштајте да Ви се испуштат „И јас исто!“ или цитирање на 10 килобајти текст, за на крајот да напишете „И јас мислам така“ или недај боже едно минијатурно „Да“. Особено е битно да се скратат долгите цитати, со оглед на тоа што така пораките зафаќаат многу повеќе, а сите добро знаеме колку е „брз“ и „ефтин“ интернетот (и телефонските импулси) во нашата земја.

Уште една лоша варијанта: комплетно цитирана порака на која одговарате е вметната под Вашиот одговор, затоа што Вашиот клиент за електронска пошта „така работи“. Ова не е само гаф и непрегледно (зошто да натерате некого да оди до крајот на Вашата порака за да види на што тоа сте одговориле) туку е и бесмислено. Значи, одговорот се пишува под оригиналниот текст, а не над него!

Форматирање на порака

Не пропуштајте да ја форматирате пораката така што да биде лесно читлива. Ако сте одвоиле време за да напишете некој текст, немојте целиот да го ставите во еден единствен пасус, инаку може да бидете сигурни дека трудот Ви е залуден - повеќето ваквите пораки едвај ќе ги ѕирнат или ќе ги прескокнат. Сетете се како Ве учела професорката по македонски во средно (точка, запирка, нов ред...).

Текст што ја зазема целата ширина на екранот е напорен за читање. Направете го пократок.

Прилози

На листата не смеат да се праќаат датотеки прикачени на пораките.

Ако сакате со членовите на листата да споделите некоја датотека, слика, документ, може да испратите порака во која ќе објасните за што се работи и ќе дадете интернет-адреса (линк) на која ќе може да се најде таа датотека. Направете си некоја едноставна веб-страница на која ќе може лесно да си ги префрлате датотеките.

Текст да, html никако! (паа... deprecated?)

Не испраќајте на листата пораки во html-формат! На скоро сите поштенски листи „куќниот ред“ вели пораките да се испраќаат само како обичен (plain) текст. Пораките испратени во html-формат зафаќаат повеќе килобајти, а и меѓу нас има такви кои користат конзолни клиенти за е-пошта што не отвораат html-пораки. Праќањето пораки во текстуален формат се конфигурира во Вашиот клиент за е-пошта (побарајте ја опцијата "use plain text only" или слично).

Кога може, користете кирилица

Кога може (доколку не Ве спречува клиентот за е-пошта, webmail-от или оперативниот систем) користете кирилица. Се договоривме основни кодирања со кои ќе се пишуваат кириличните пораки на листата да бидат UTF-8, ISO-8859-5 или Windows-1251. Жално е да пишуваме на латиница, кога имаме наше кирилично писмо, кое е веќе поддржано во речиси сите оперативни системи и клиенти за е-пошта.