Едно лето/ЕрлангБот

Од Сподели wiki
Преработка од 16:56, 11 мај 2011; направена од Дамјан (разговор | придонеси) (→‎Опис)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Erlang-Irc-Bot

Опис

Erlang-Irc-Bot настана како проект преку кој почнав да го учам Erlang, па си зададов цел да направам нешто што би било корисно за заедницата. Од тогаш ботот веќе долго време активно се користи за потребите на irc каналите: #lugola, #razmjenavjestina, #ubuntu-mk на irc серверот на freenode.

Ботот има едноставна архитектура во чиј центар е конечен автомат (finite state machine) која ја контролира комуникацијата, а сите функционалности се реализирани во додатоци (plugin-и). Голем број од plugin-ите се направени наједноставно како концептуален доказ, така да им недостасува полирање и поправање на разни бубачки.

Задача на студентот ќе биде да се поправат сите грешки и барања за функционалност кои се регистрирани на: http://github.com/gdamjan/erlang-irc-bot/issues

Понатаму може да се продолжи и со други идеи.

Ментори

Дамјан Георгиевски <gdamjan@gmail.com>

Потребни предзнаења

Основи на програмирање. Студентите кои ќе се пријават за проектот ќе добијат краток вовед во Erlang и неговата OTP библиотека на функции преку конкретни примери од самиот софтвер. Ќе добијат и вовед за irc протоколот.

Технологии со кој ќе се запознаат програмерите

Erlang/OTP, fsm, IRC протокол…
работа со системот за верзионирање git кој ќе ни ја олесни работата на заеднички проект

Пријавени Студенти