Инсталација на Kubuntu

Од Сподели wiki
Преработка од 16:04, 6 март 2008; направена од 77.28.16.62 (разговор)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Kubuntu е официјален дериват на оперативниот систем Ubuntu, кој користи KDE како работна околина, наместо GNOME. Kubuntu е дел од проектот Ubuntu и има иста основа како и него. И двата системи може да бидат инсталирани на една Ubuntu основа заедно, со инсталирање на метапакетите ubuntu-desktop или kubuntu-desktop, соодветно. Секој пакет кој е достапен за Ubuntu го има и за Kubuntu.

Проектот Kubuntu има за цел да биде за KDE тоа што Ubuntu е за GNOME: прекрасно интегрирана дистрибуција со сите добри можности на Ubuntu, базирана на KDE работната околина. Kubuntu излегува редовно според предвидените планови, нова верзија излегува за секоја нова верзија на KDE.

Kubuntu значи кон чувештвото на јазикот Бемба, и бесплатен на јазикот Кирунди. Kubuntu се изговара Кубунту.


Набавка

Kubuntu можете да го набавите на повеќе начини.

  • Да го симнете од [1], верзијата 7.10 е последната стабилна верзија на Kubuntu, додека 6.06.1 LTS е верзијата со 5 години подршка наменета за користење за места каде што стабилноста е поважна од новите опции кои доаѓаат со секоја нова верзија. Доколку ќе го користите Kubuntu на места каде што е критично да имате најстабилен софтвер и не ви е потребен најнов софтвер тогаш набавете ја 6.06.1 LTS, а за добиете најнов стабилен софтвер набавете ја верзијата 7.10. Доколку сакате повеќе пакети при инсталација, или немате интернет конекција на компјутерот на кој ќе

инсталирате, тогаш набавете си ја DVD верзијата, во која што има повеќе пакети достапни при инсталација. Доколку сте во можност симнете го Kubuntu преку торент

  • Нарачајте го од https://shipit.kubuntu.org/, пополнете го формуларот и за неколку десетина дена ќе ви стигне медиум со логото на [[Kubuntu] подготвен за инсталација, за оваа опција ќе почекате, но нема да се мачите со симнување и режење на медиумот.
  • Купете ја од [2]
  • Или пак од Ubuntu или Xubuntu во Synaptic најдете го пакетот kubuntu-desktop и инсталирајте го.