Насоки на Слободен софтвер Македонија за соработка со други правни лица

Од Сподели wiki
Преработка од 17:35, 29 јануари 2011; направена од Admin (разговор | придонеси) (14 ревизии: initial)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
   Забелешка: ова е вики верзија на официјален документ на Слободен софтвер Македонија. 
   Документот се наоѓа на 
   http://slobodensoftver.org.mk/dokumenti/nasoki_za_sorabotka_so_drugi_pravni_lica
   Ве советуваме да ја користите оваа врска за референцирање кон него. 
   Оваа вики страница може да биде избришана.

Насоки за соработка на Слободен софтвер Македонија со други правни лица

Овој документ ги дефинира правилата според кои Слободен софтвер Македонија соработува со други правни лица и учествува на проекти или други активности.

  1. Слободен софвтвер Македонија соработува со други правни лица (непрофитни организации, трговски друштва и државни институции) за прашања кои се однесуваат на слободниот софтвер, слободната култура, отворените формати и други поврзани теми.
  2. За да се оствари соработката, Слободен софтвер Македонија потпишува договор или друг соодветен документ во кој јасно се дефинираат правата и обврските на двете страни, роковите, очекуваните резултати и други потребни податоци. Доколку соработката вклучува примопредавање на опрема, покрај другите документи задолжително се составува и записник кој содржи информации за бројот, видот, состојбата и други детали за опремата.
  3. Слободен софтвер Македонија нема да започне никакви активности додека не се потпише погоре споменатиот документ.
  4. Кога Слободен софтвер Македонија е ангажирана да спроведе активности поврзани со експертската област во која што дејствува, таа своите услуги и знаење ги нуди по цени еднакви со пазарните цени, кои владеат во дадениот момент во Република Македонија.
  5. При испораката на услугата Слободен софтвер Македонија и примателот на услугата потпишуваат соодветен документ со кој договорот за соработка се смета за завршен и сите одредби од договорот за исполенти.
  6. Кога Слободен софтвер Македонија добива донација или спонзорство, таа потпишува договори согласно Законот за донации и други прописи доколку донорот или спонзорот има потреба од тоа.
  7. Служејќи му на јавниот интерес, Слободен софтвер Македонија може да ги донира своите услуги. За ова едногласно одлучува Управниот одбор на Слободен софтвер Македонија. Претседателот на Слободен софтвер Македонија води евиденција за ваквите активности и ги објавува јавно на веб страницата на организацијата.
  8. При соработката Слободен софтвер Македонија се придржува до овие насоки. Исклучоци се дозволени само во посебни случаи и тоа само со едногласна одлука на Управниот одбор на Слободен софтвер Македонија.
  9. За оние работи за кои не се предвидени во овој документ, одлуки едногласно носи Управниот одбор на Слободен софтвер Македонија. Таквите одлуки се применуваат до првото следно Собрание кога се одлучува дали тие ќе станат дел од овие насоки или ќе бидат отфрлени.