Подесување кирилични TTF фонтови во X

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Верзијата за печатење повеќе не е поддржана и може да дава грешки. Подновете си ги бележнците во прелстувачит и користете ја можноста за печатење од самиот прелистувач.

Во современите GNU/Linux дистрибуции (понови од 2004-та) и десктоп околини како Gnome и KDE (GTK2/Qt3 и понови) нема никакви посебни пречки или предуслови за користење на TTF и OTF фонтовите.

Единствена препорака е да се користат DejaVu фонтовите кои го содржат целиот репертоар на македонски букви, вклучително и македонските „ѐ“ Unicode:<0x0450> и „ѝ“ Unicode:<0x045D>.

Gnome и KDE содржат и едноставни инсталери на фонтови, но и без нив, инсталацијата на TTF/OTF фонтови се состои од нивно копирање во директориумот ~/.fonts/ или /usr/share/fonts/.