Помош за корисници

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Идејата на Викито за слободен софтвер е да се формира база на знаење од корисници на слободен софтвер во Македонија, на македонски јазик со цел помагање на почетни или напредни корисници на слободен софтвер.

Вие можете да помогнете на неколку начини. Препорачливо е да се направи сметка на ова Вики, со цел подобра контрола врз тоа кој и што работи. Доколку сакате да помогнете без да имате работа директно со Вики енџинот што го користиме (MediaWiki), ви препорачуваме да напишете статија во чист текст формат (без форматирање во канцелариски софтвер, пр. OpenOffice.org Writer и да ја испратите на поштата на Лугола, info на lugola.net

Исто така можете да правите испитувања и проверка на содржините кои веќе постојат во Вики за слободен софтвер. Доколку наидете на грешка, земете си слобода да ја поправите. Ве замолуваме да не ја менувате содржината и тематиката на одредени содржини или делови од нив. Доколку не сте сигурно што правите, не превземајте акција. Ако не знаете како да пишувате Вики синтакса, продолжете да ја читате оваа содржина.

Вики филозофија