Правила за преведување на KDE

Од Сподели wiki
Преработка од 20:01, 15 јули 2007; направена од Bobibobi (разговор | придонеси) (Разни корекции, додадено форматирање)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ова што следува се коментари и забелешки што може да се искористат за поуспешно преведување на графичката околина KDE:

- Кога внесувате податоци во КБабел, јазикот пишувајте го на латиница, на англиски т.е. „Macedonian“ (не Македонски, македонски, macedonian). Овој податок оди во заглавието на сите датотеки и треба да биде читлив за сите што ги разгледуваат преводите. Од истата таа причина, таму во дијалогот кај што пишува „Име“ внесете го името на латиница. Во истиот дијалог поштенската листа на преводот е „mkde-l10n@lists.sourceforge.net“.

- Во секој модул има по една датотека (или повеќе) што почнува со desktop_ (desktop_kdebase.po, desktop_kdelibs.po ...). Тоа се специјални датотеки од кои потоа се генерираат датотеки што завршуваат со .desktop (пр. во $KDEDIR/share/applications/kde). Во датотеките desktop_ секоја порака започнува со „Name=“ или „Comment=“ или „GenericName=“ (или „Keywords=“) (мислам дека нема други комбинации). Бидејќи овие се специјални клучни зборови (погледнете некоја desktop_ датотека) и во датотеката фигурираат како „Name[xx]=“ каде што xx е соодветниот јазик, ТИЕ НЕ СЕ ПРЕВЕДУВААТ!!

(Примерите што следуваат се земени од изворни .po-датотеки. msgid е изворната порака (во КБабел е прикажана во горното текстуално поле), а msgstr е преведената порака (во КБабел е прикажана во долното текстуално поле)

Пример за правилен превод:

 msgid "Comment=Control the aRts sound server"
 msgstr "Comment=Го контролира серверот за звук aRts"
 (не msgstr "Коментар=Го контролира серверот за звук aRts")

- Пораките што започнуваат со "_n: " означуваат дека содржат и еднинска и множинска форма. Ова "_n: " НЕ СМЕЕ да стои во преводот. Наједноставно е со Ctrl+Space да ја прекопирате оригиналната порака (ќе забележите дека во копираното нема "_n: ") и потоа да почнете да преведувате. Втора работа е што треба да има две множински форми (плус еднинската форма значи вкупно три реда) (тоа треба да се разреши во некое идно време, останато е од времето на Данко) (исто така внимавајте на последната ставка да не ѝ додадете \n, тоа е погрешно!)

Пример:

     неправилно                             правилно   
  msgid ""                               msgid ""   
  "_n: <b>1</b> file selected.\n"        "_n: <b>1</b> file selected.\n"  
  "<b>%n</b> files selected."            "<b>%n</b> files selected."      

  msgstr ""                              msgstr ""
  "_n: <b>1</b> избрана датотека.\n"     "Избрана е <b>1</b> датотека.\n"
  "<b>%n</b> избрани датотеки."          "Избрани се <b>%n</b> датотеки.\n"
                                         "Избрани се <b>%n</b> датотеки.")

- Пораките што започнуваат со "_: " означуваат некаква контекстна информација или коментар (со цел дообјаснување). Ова "_: " НЕ СМЕЕ да стои во преводот. Наједноставно е со Ctrl+Space да ја прекопирате оригиналната порака (ќе забележите дека во копираното нема "_: ") и потоа да почнете да преведувате.

Пример:

      неправилно                          правилно
   msgid ""                            msgid ""
   "_: previous track\n"               "_: previous track\n"
   "Previous"                          "Previous"

   msgstr ""                           msgstr ""
   "_: претходна песна\n"              "Претходна"
   "Претходна"

- Внимавајте на мали и големи букви во речениците (значи не „Недовршени Работи ...“ туку „Недовршени работи ...“). Нашиот правопис се разликува од англискиот!

- Пораките што го содржат знакот „&“ означуваат дека постои копче за активирање (т.е. Alt+<знакот_веднаш_по_&>). На знакот треба да му се најде соодветно место (обично се гледа да се совпаѓа со знакот во оригиналната порака). Знакот „&“ МОРА да фигурира во рамките на преводот (КБабел има можност автоматски да проверува за вакви пропуштени знаци)

Пример:

    неправилно                          правилно
 msgid "&CD Tracks"                  msgid "&CD Tracks"
 msgstr "ЦД Песни"                   msgstr "&ЦД-песни"

- Внимавајте на редоследот на зборовите (една од најчестите грешки) (македонската верзија е обично обратно од англиската)

Пример:

 msgid "Trac&k Artist"
 msgstr "Песна Изведувач" (не е, туку "Изведувач на п&есна")
 или
 msgid "%1 Encoder"
 msgstr "%1 Енкодер" (не е, туку "Енкодер %1"))

- Внимавајте на некои ситници (три точки на крајот од зборот, две-точки, празни места на крајот или на почетокот)

- Наводниците пишувајте ги според македонскиот правопис (т.е. таму каде што во преводот стои \" заменете го со отворени наводници ( „ ) или затворени наводници ( “ ) соодветно)

- Кога преведувате некоја апликација, пожелно е да ја активирате со инсталиран превод за да погледнете како изгледа преводот во стварност (а не само „на хартија“). За да го направите тоа:

  • искомпилирајте ја .po-датотеката во .mo со наредбата
 msgfmt -o <datoteka>.mo <datoteka>.po
  • ископирајте ја датотеката во соодветната папка (за целиот систем тоа е во $KDEDIR/share/locale/mk/LC_MESSAGES)
  • стартувајте ја програмата

- Гледајте во изворниот код на програмата што ја преведувате. Пораките што се преведуваат зависат од контекстот т.е. има разлика дали преведувате порака што се наоѓа на копче или порака што се наоѓа во насловот на прозорец. За да не мора да ја барате местоположбата на пораката во самата програма (некогаш тоа и не е можно ако пораката е дел од некоја библиотека, се појавува поради грешка и сл.) погледнете го изворниот код за да видите каде точно е пораката и во кој контекст. За преведувањето на KDE, КБабел има згодна можност автоматски да ве однесе на соодветната линија во кодот.