Прва Помош Notes

Од Сподели wiki
Прејди на: содржини, барај

За време на GNU/Linux прва помош често се среќаваме со мали и поголеми проблеми при инсталација. Наместо да ги бараме по интернетот би било добро да се пишуваат тука.

Ubuntu

Ubuntu замрзнува при инсталација или има многу video гличеви

На некои системи Ubuntu има премногу glitch-еви или пак замрзнува, тоа е најчесто поради драјверите за графичка. За да инсталирате убунту во овој случај подигнете го со nomodeset опцијата која што се наоѓа во "Other Options" и е достапна со притискање на F6. Откако ќе го инсталирате системот во grub внесете nomodeset како опција. Инсталирајте ја апликацијата jockey и стартајте ја (Ќе ја најдете како "Additional Drivers") за да ги инсталирате потребните драјвери.