Работна околина

Од Сподели wiki
Преработка од 21:02, 31 мај 2007; направена од 62.162.211.217 (разговор)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Во графичките кориснички интерфејси Работна околина или DE е софтверот кој нуди графички кориснички интерфејс (GUI) на компјутерот. Името потекнува од принципот на работа на една DE кој е сличен со принципот на кој се организираат работите на една работна маса. Една работна околина обично има икони, прозорци, ленти со алатки, папки, тапети и можности како повлечи и пушти управување со датотеки или фајлови. Како целина, посебностите во дизајнирањето и функцијата на работната околина и го даваат посебниот изглед и функција.

Работните околини на популарните сопственички оперативни системи како Microsoft Windows и Mac OS X, во нивното користење се релативно непроменливи. Ова создава константно корисничко искуство. Сепак, постојат алтернативни икони и софтвер кој може комплетно да го замени и изгледот на обичните елементи во интерфејсот (како прозорци, копчиња и икони). како и целосниот интерфејс. Во Windows, ова е постигнато со заменување на Explorer shell.

Системите кои што го користат X Window System (најчесто Униксоидни системи) работната околина е по флексибилна. Една ваква работна околина се состои од менаџер на прозорци (како Metacity или KWin), менаџер на даточниот систем(како Konqueror или Nautilus), сет од теми, програми и библиотеки за реководење со десктопот. Сите овие модули можат да бидат разменувани и индивидуално конфигурирани со цел да се постигне уникатна комбинација, но повеќето десктоп околини обезбедуваат основна конфигурација која бара минимален труд од корисникот.

Не Целиот програмски код кој е дел од една работна околина има ефекти кои се видливи за корисникот. Некој дел може да биде напишан во low-level код. КДЕ на, пример, обезбедува така наречени KIOslaves кои му обезбедуваат на корисникот пристап до голем број на виртуелни уреди. Овие I/O слуги не се достапни надвор од КДЕ околината