СиТ2.0:Приказни за стандарди

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Мајкрософт продолжува да го истакнува бизарниот аргумент дека повеќе стандарди кои си конкурираат и се во конфликт е добра работа. Тие се очајно збунети. Да се има повеќе производи кои си конкурираат е добра работа, но да се има повеќе стандарди кои си конкурираат е очајно лошо.

Според историјата со повеќе стандарди кои си конкуриираат се ризикува масивна загуба на имот, животи, дури и губење на држава. Еве два од многуте историски примери: пожарот во Балримор од 1904 и граѓанската војна во САД.

  1. Во 1904, огромна област (80 блокови) во Балтимор изгорела до земја. Дошле пожарникари од други градови, но не можеле да ги поврзат нивните црева со хидрантите бидејќи секој град имал сопствен некомпатибилен стандард. Резултатот бил 2500 изгорени згради во период од 30 часа.
  2. Можеби уште интересно, една од главните причини зошто Југот на САД (Конфедерацијата) ја изгубил граѓанската војна бил фактот што јужните држави имале некомпатибилни шини (т.е. растојанието помеѓу две паралелни шини од внатрешна страна било различно). Северот на САД имал единствен стандард за шини (во најголем дел) и можеле да ја преместуваат војската и материјалите до местата на битка многу побрзо од Југот на САД, иако Северот имал далеку поголемо растојание за патување. Трудот на Нед Харисон „'Правата на државите' ја проколнаа конфедералната нација“ (од 12 ноември 2005) ги наведува проблемите со железницата, вклучувајќи ја и некомпатибилноста на ширината на шините, како важен фактор во поразот на Југот на САД (секако тоа не било единствената причина, но било важен фактор). Секако, штом Северот ќе освоел некоја област, една од првите работи што ја правел било да ги преуреди железниците по северниот стандард... за да може да продолжи да ја експлоатира таа предност како што напредувал.


од http://www.dwheeler.com/blog/2007/06/05/#odf-msxml-ooxml-compare


Во 1980-тите години Европа (или ЕЕЗ?) донела одлука за приваќање на заеднички стандард за дигитални cellular(?) телефони - збир на правила за работа кои ги поттикнале конкурентските телефонски компании да формираат заедничка мрежа со што секој телефон ќе работи секаде на континентот. Телефоните кои се направени според GSM (Генерален стандард за мобилни) работат подеднакво добро насекаде во Европа. Поради стандардот има многу антени и покриеноста речиси секаде е добра. За разлика од тоа во САД нема заеднички стандард помеѓу конкурентските телефонски компании. Некои го користат GSM, а некои користат други стандарди. Така, дури и да има предавател близу до вас, тој може да не пренесува сигнал кој вашиот телефон може да го користи. (Во времето на пишување на овој учебник, авторите имаа GSM телефон кој работеше добро и во најоддалечените делови на Европа, но не примаше сигнал во и близу до нивниот дом во Њу Џерси.)

Преземено од еден учебник по микроекономија (ќе треба да проверам за точно име). Новица 16:54, 24 July 2007 (CDT)