Слободна култура

Од Сподели wiki
Преработка од 18:38, 29 јануари 2011; направена од Admin (разговор | придонеси) (6 ревизии: initial)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Движењето за слободна култура е општествено движење кое промовира слобода за дистрибуирање и изменување на креативните трудови, користејќи Интернет покрај другите достапни медиуми, и е насочено кон премногу рестриктивните закони за авторски права, за кои многу од членовите на ова движење ќе се сложат дека ја спречува креативноста. Блиско поврзани со движењето за слободна култура се организации од движењето за слободен софтвер, како што е Фондацијата за слободен софтвер.

Слична ваква организација е и Creative Commons (CC), основана од Lawrence Lessig, професор по право на Универзитетот во Станфорд и значајна личност во движењето за [Слободен софтвер|слободен софтвер]]. Има напишано книга под наслов Слободна култура, која презентира аргументи во корист на ова движење за слободна култура.

Студентската организација FreeCulture.org понекогаш по грешка се нарекува „Движењето за слободна култура“, но тоа не е нејзиното официјално име. Организацијата е само огранок од многу поголемото движење.

Wikimedia

Проектите на Wikimedia, лиценцирани под GNU лиценцата за слободна документација и разни Creative Commons лиценци, со право може да се нарече основач на најголемиот проект кој е дел од движењето за слободна култура. Wikimedia е основана од Jimmy Wales. Се базира на идеите од движењето за слободна култура и основачот на оваа организација објави 10 предизвици за ова движење, преку манифестот на Движењето за слободна култура, објавен на конференцијата Wikimania во 2005г.

Според Jimmy Wales, 10те работи кои треба да постојат како слободни во следната декада се:

  1. Енциклопедија – на сите јазици; Wikipedia
  2. Речник – на и за сите јазици; Wiktionary
  3. Наставен план – на сите јазици и за секое одделение; Wikibooks, Wikiversity
  4. Музика
  5. Уметност
  6. Слободни формати на датотеки
  7. Мапи
  8. Идентификатори на производи
  9. ТВ листи
  10. Заедници

Надворешни врски

Creative Commons

Free culture foundation

Free software foundation

Librevis