Упатство:Анонимност на мрежата

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Како да ја заштитите Вашата приватност?

Според Член 25 од Уставот на Република Македонија, На секој граѓанин му се гарантира почитување и заштита на приватноста на неговиот личен и семеен живот, на достоинството и угледот.

Ова се однесува и на Вашите онлајн активности. Денес Мрежата претставува 50% од времето за многумина во светот, со што Интернет станува вториот (можеби и примарен) дом за голем број луѓе во светот. Блогери, корисници на Google, MySpace, други социо-вмрежувачки сајтови каде откривате парче од својата интима. Да, Вие сте се сложиле тоа да е така. Пр. Вие одлучивте дека другарите сакаат да ги гледаат песните кои ги слушате кога сте ја вклучиле таа можност во Вашиот плеер кој испраќа податоци до last.fm со што Вие сте скроблиран. Но постојат и многу други начини да се земе парче од Вашата приватност на начин со кој Вие не се сложувате и не сте го одобриле. Дали преку колачињата во прелистувачот, преку сајтови кои вршат профилирање или преку директно влегување во Вашиот компјутер со класичен кракерски упад. Сето тоа може да се спречи. Вие имате право на приватност и тоа треба да го почитува секој. И мене не ми е гајле ако мојот сосед види што споделувам на мојот компјутер, што ми може? Но постојат институции кои и тоа како ги интересира што прават одредени личности. Некогаш тоа може да сме и ние.

Ова упатство треба да ви помогне да инсталирате и конфигурирате Tor, Privoxy и некои екстензии за Firefox за нивно користење, како и да конфигурирате актуелни IM/IRC/E-пошта клиенти.

ЗАБЕЛЕШКА: Не го користете ова упатство за злоупотребување на било какви онлајн услуги. Целта на ова упатство е добронамерна. Во спротивно авторот на текстот како и целиот тим кој работи на ова Вики и заедницата на слободен софтвер од нашата земја не презема никаква одговорност.

Tor

Tor или The onion router, е слободен софтвер кој Ви овозможува да се одбраните од анализирањето на сообраќајот на интернет, преку поставување на одредени рутирачки правила според кои Вашата приватност и слобода на Интернет ќе бидат зачувани. Tor Ве заштитува преку преместување на комуникациите во дистрибуирана мрежа која функционира со помош на сервери на доброволци од светот. Илјадници го користат Tor. Бројката на корисници на „кромидот“ е поголема отколку бројката на релеи во мрежата на Tor. Тоа понекогаш го прави сурфањето побавно отколку директниот пристап до услуги на Интернет. Но 5-10 секунди чекање, доколку навистина не зависите со време, не се многу ако земете во предвид какви се не влади и институции постојат во светот. За Tor има пакети за речиси секоја дистрибуција. Неговото рачно компајлирање не е воопшто голем проблем ако ги следите упатствата за инсталација. Доколку сте решиле да користите неслободен софтвер, веќе имате друг (и можеби) поголем проблем со Вашата приватност и безбедност на податоците, а за корисниците на GNU/Linux, доволни ќе се следните чекори.

Инсталирање на Tor (за GNU/Linux)

Комапјлирање од изворен код

  1. Симнете го Tor од сајтот за симнување.
  2. tar xzf tor-<верзија>.tar.gz
  3. cd tor-<верзија>
  4. ./configure && make

Стандардно (како во примеров) Tor ќе се инсталира во /usr/local/. Со root привилегии извршете ја следнава команда:

  1. make install

Сега треба да имате извршна датотека tor. Проверете во терминал:

  1. tor --help

Ако е се во ред, ќе се испишат неколку помошни линии на Tor.

Инсталирање на бинарен пакет

Треба да знаете која дистрибуција ја користите и кој систем за справување со пакети.

Ubuntu/Kubuntu/Edubuntu и Debian

  1. sudo apt-get install tor

Fedora (Core X)

Како root:

  1. yum install tor

Slackware

Симнете пакет од [1]. Инсталирајте го како root:

  1. installpkg tor-<верзија>.tgz

Archlinux

  1. pacman -S tor

Конфигурирање и пуштање на серверот

Најчесто ви е потребно да го подигнете Tor во улога на клиент на локално ниво. Во зависност од дистрибуцијата, најчесто е доволно добро конфигурирана датотеката /etc/tor/torrc (во различни дистрибуции може да е на различна локација). Сепак, самата датотека е и HOWTO, значи прекрасно документирана, такашто ако внимателно ја прочитате нема да имате проблем да сфатите што сѐ е подесено таму.

Во некои ситуации датотеката torrc-dist (некаде и torrc.sample) е подобро конфигурирана (ќе осетите преку функционирањето на Tor), во тој случај само копирајте ја врз /etc/torrc:

  1. cp /etc/tor/torrc.sample /etc/tor/torrc

Откако ќе се уверите дека се е како што сакате, пуштете го серверот преку системот за пуштање сервиси на вашата дистрибуција (/etc/rc.d/tor и /etc/init.d/tor се најчест случај скрипти за подигање на Tor даемонот).

Privoxy

Privoxy е веб прокси со напредни можности за филтрирање на протокот податоци кој ќе го пуштите низ него, можност за изменување на веб-податоците како и можност за справување со колачиња, пристап, отстранување на реклами итн.

Ако го следите ова, тогаш нема да имате проблеми да го конфигурирате Privoxy. Исто како и Tor има пакети за речиси секоја дистрибуција. Ако инсталирате преку компајлирање на изворниот код, поради комплексноста на процесот следете го ова упатство.

Откако ќе се уверите во валидноста на config датотеката на Privoxy, проверете дали во неа ја има оваа линија:

forward-socks4a / localhost:9050 . 

(има точка на крајот, не ја заборавајте)

Ако ја нема оваа линија, додајте ја.

Подигнете го privoxy преку скриптите за дигање на сервиси.

Конфигурирање на Firefox и сл.

Firefox

Ок, прелистувачот е 50% од нашата онлајн работа. Ако нема прелистувач, речиси е невозможно да се работи онлајн. Firefox е ударната апликација за која треба да имате поставено заштита. За таа цел постојат неколку екстензии како што е FoxTor, која пред да ја инсталирате треба да знаете дека прави одредени измени во вашата конфигурација на Firefox, дотаму што дури и бриши кеш, историја на сурфање, исклучува јаваскрипти итн. Значи, бидете внимателни. Не е задолжително да користите FoxTor, сепак.

Во Firefox одете во:

Уреди -> Преференции -> Напредно -> Мрежа -> Поставувања

(анг. Edit-> Preferences -> Advanced -> Network -> Settings) Кликнете на Manual proxy configuration и пополнете ги само полињата за HTTP Proxy и SSL Proxy. Во двете полиња ставете вредност localhost, порт: 8118 (портот на Privoxy).

Во полето No proxy for: ставете localhost, 127.0.0.1.

Пробајте да сурфате. Ако осетите разлика во брзината (како што напоменавме, ИМА разлика кон побавно) тогаш веројатно се е подесено како што треба. За да се осигурате, одете овде и видете „каде се наоѓате“.

Pidgin

За глобално поставување на прокси одете во:

Алатки -> Мрежа

Таму има паѓачко мени Прокси сервер. Изберете SOCKS 5. Во полето Host ставете 127.0.0.1, а во полето Port ставете 9050.

За различни поставувања, секој протокол во јазичето Напредно ја има истата оваа можност, со таа разлика што подесувањата ќе се однесуваат само за тој протокол.

IRC

Секој клиент користи различни поставувања.

XChat

Konversation

Irssi

KDE глобални поставувања