Упатство:Инсталација и конфигурирање на MySQL: Разлика помеѓу преработките

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
с (5 ревизии: initial)
 
(нема разлика)

Последна преработка од 18:39, 29 јануари 2011

MySQL е дефинитивно најпопуларната база за GNU/Linux оперативните системи, најчесто користена за веб апликации. MySQL нема многу напредни опции, ниту пак може да се спореди со вистинските бази како PostgreSQL и FireBird, нема серверски процедури, нема тригери, итн. Но на сметка на овие опции кои се навистина потребни за развој на вистински апликации, MySQL е навистина едноставен за користење, многу брз и сосем задоволителен за едноставни веб апликации. Значи, доколку сакате едноставна, брза и практична веб апликација, MySQL е изборот за база. Инсталација Инсталацијата на MySQL е навистина едноставен процес, а во најчест случај го имате со самата инсталација на вашиот GNU/Linux. Но да претпоставиме дека сакате да го унапредите вашиот MySQL сервер до последната верзија. Одиме чекор по чекор (целата постапка ја извршуваме како root):

Инсталација и активирање

  • Појдете до страната за симнување на MySQL одберете ја верзијата која ви одговара и преземете ја. Бидејќи описот е како да го инсталирате MySQL од бинарка, преземете бинарна дистрибуција која што не е спакувана во rpm пакет (најверојатно сите знаеме како инсталираме rpm пакети, доколку не знаете, man rpm во конзола и ќе научите) . Архивата која треба да има име слично на mysql-standard-4.хх.хх-pc-linux-i686.tar.gz, каде хх.хх се однесуваат на верзијата која ја инсталирате, зачувајте ја како /tmp/mysql-standard-4.хх.хх-pc-linux-i686.tar.gz
  • Додате корисник и корисничка група под која ќе работи MySQL (нема да го оставите да работи како root нели?).
 # groupadd mysql
 # useradd -g mysql mysql
  • Одберете каде сакате да го инсталирате MySQL и направете го дотичниот директориум. Јас се одлучив за /usr/local/mysql.
 # mkdir /usr/local/mysql
  • Поставете го тековниот директоиум да биде ист со горенаведениот
 # cd /usr/local/mysql
  • Распакувајте ја tar.gz архивата во тековниот директориум.
 # tar zxvf /tmp/mysql-standard-4.хх.хх-pc-linux-i686.tar.gz
  • Иницијализирајте ги основните MySQL табели
 # mysql/scripts/mysql_install_db --user=mysql
  • Доделете му го податочниот директориум /path/to/mysql/data на корисникот mysql:
 # chown -R mysql mysql/data
  • За крај стартувајте го серверот (od /path/to/mysql/):
 # bin/mysqld_safe --user=mysql & 

Доколку се работи за верзија помала од 4.х тогаш треба:

 # bin/safe_mysqld --user=mysql &

Првично користење

Го инсталиравме mysql, што сега? Сега е време да научиме како да се најавуваме на mysql серверот, да додаваме нови бази на податоци, да ги прелистуваме постоечките, да додаваме нови табели, нови индекси, да додаваме нови корисници, да им доделуваме привилегии врз соодветните објекти од базата и да менуваме лозинки на веќе постоечките корисници.

Најавувањето на mysql серверот е многу едноставно, се што ни треба е конзолниот клиент кој се наоѓа во mysql/bin и го носи името mysql (збунувачки нели? името на серверот е mysqld, името на производот е MySQL а името на конзолниот клиент е mysql). Најавувањето се одвива вака:

 # cd /usr/local/mysql/bin
 # ./mysql -p 

Удрете еднаш и ќе се најдете во mysql конзолата каде може директно на mysql серверот да му издавата SQL наредби. Најавувањето секогаш ќе биде на истиот принцип. Само да наведам уште две многу корисни опции при најавување на серверот. При најавување на mysql серверот во командната линија на конзолниот клиент понекогаш е корисно да наведете различно корисничко име од корисничкото име под кое сте најавени на вашата работна станица. За да се најавите со друго корисничко име ќе треба да се послужите со следнава опција на mysql конзолниот клиент:

 # ./mysql -u richie -p

Каде што richie е корисничкото име под кое сакате да се најавите. Друга корисна опција е опцијата за наведување на сервер различен од локалната машина, како и одредување на TCP/IP порта на која сакате да се врзе клиентот.

 # ./mysql -h mysql.ric.com.mk -P 5501 -p

Овој пат, конзолниот клиент ќе проба да се поврзе на mysql серверот на машината со адреса mysql.ric.com.mk која очекува клиенти на порта 5501. Одкако ќе се поврземе на MySQL серверот, во конзолата ќе го добиеме типичниот промт кој изгледа вака:

 mysql>

Надворешни врски