Упатство:Arch Linux за почетници

Од Сподели wiki
Преработка од 17:38, 29 јануари 2011; направена од Admin (разговор | придонеси) (11 ревизии: initial)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Вовед

Овој документ ќе Ви помогне да инсталирате и конфигурирате Arch Linux. Инструкциите се базираат врз Voodoo ISO. И покрај тоа што ова упатство Ви помага да добиете целосно конфигуриран Arch систем (работна околина, проследување DVD филмови, прелистување на Интернет, преглед на е-пошта, слушање музика итн.), невозможно е да се претстави се што може да се направи со овој систем. Според дизајнот ова упатство се фокусира на најважните чекори. Можете да го продлабочите Вашето знаење преку Archlinux Wiki или Arch Linux форумите.

Доколку сметате дека нешто важно недостасува или не работи, слободно корегирајте ги инструкциите или испратете пошта до некој од администраторите на ова Вики. Исто така постои и тема отворена на форумите наменета за почетници.

Снабдете се со Arch

Најновото издание на Arch може да се симне од www.archlinux.org/download/.

Совет: Строго препорачано е да го изберете основното CD (base-CD), заради неколку причини:
  1. заштедува повеќе време за симнување на Arch
  2. целосната верзија често има конфликтни пакети и освен ако навистина знаете што правите, инсталерот нема да дозволи тие пакети да бидат инсталирани поради конфликтите, и
  3. основниот систем можете полесно да го конфигурирате и да го одржувате ажуриран.

Откако ќе го инсталирате основниот Arch Linux систем, продолжете со надоградување и ажурирање на системот (# pacman -Syu) и доинсталирање на саканиот софтвер со Pacman преку складиштата за оваа алатка.

Инсталирање на основниот систем

Покрај ова упатство, можеби корисно ќе биде и ова, кое сеуште не е преведено на македонски јазик. Како додаток, верзија погодна за печатење е достапна овде.

Пуштете го Arch Linux CD-то

Ставете го CD-то во CD уредот на Вашиот компјутер и подигнете го системот од него. Можеби ќе е потребно да го измените приоритетот на уредите за пуштање во BIOS-от (најчесто се пристапува преку F11 или F12, зависи од типот на BIOS).

Корисни дополнителни параметри за пуштање на Arch CD-то:

  • ide-legacy, ако имате проблеми со IDE уреди
  • noapic acpi=off pci=routeirq nosmp ако не се пушта системот од CD-то
  • memtest86+ за проверка на RAM меморијата за грешки

Some useful options when booting off the Arch Linux CD:

  • ide-legacy if you have trouble with IDE drives
  • noapic acpi=off pci=routeirq nosmp if your system hangs during the boot process
  • memtest86+ if you want to check your memory for errors

Изберете "Arch Linux Installation / Rescue System". Ако сакате да додавате параметри или да ги измените опциите за пуштање на системот, стиснете 'e' за уредување на елементите во менито кое се појавува.

Сега системот ќе се пушти и ќе се појави текст со порака за 'Добредојде' како и дополнителни објаснувања.

Избор на мапа на копчиња

Стиснете 'Enter' по пораката за 'Добредојде'. Ако имате не-американски распоред на тастатурата напишете

# km

во терминалот, и изберете го саканиот распоред.

Пример(македонски):

Во екранот за избор на мапа изберете:

фали точниот избор

Изберете "default8x16.psfu.gz" за фонт за конзола, предлог.

Почнете со инсталацијата

Стиснете Enter и пуштете го инсталерот преку оваа команда:

# /arch/setup 

Изберете извор за пакети

Ќе бидете запрашани за извор за инсталација на потребните пакети. Изберете CD ако користите целосна (full-CD) ISO верзија или FTP ако сакате да инсталирате од ISO кое се наоѓа на јавен FTP сервер.

Подготовка на дискот

Изберете го првиот елемент од менито "Prepare Hard Drive". На тој начин ќе можете да го подготвите дискот, партициите, точките на монтирање и сл. за инсталација. ВНИМАНИЕ: "Auto-Prepare" можеби и не е безбеден избор поради тоа што ќе го избрише целиот диск.

Во ова упатство дискот ќе биде партициониран рачно. Изберете "2. Partition Hard Drives", изберете го уредот кој сакате да го партиционирате (пр. /dev/sda или /dev/sdb итн.) и направете неколку партиции.

Основни информации за партициите:

Партиција е дел од дискот кој ќе се однесува како друг уред/диск и може да биде монтиран во стеблото на датотечниот систем на Arch (како и други дистрибуции). Партициите се делат на Примарни (Primary), Проширени (Extended) и Логички (Logical). Примарните се бутабилни и се ограничени на 4. Пр. ако користите компјутер со единечен SATA уред, првата примарна партиција ќе биде означена како sda1. Втората примарна партиција ќе биде означена sda2 итн. После 4 партиции, ќе морате да користите 'проширена' партиција која ќе содржи 'логички' партиции.

Проширените партиции не се користат директно, тие повеќе се однесуваат како контејнери за логички партиции. Логичките партиции мора да се содржат во проширените. Кога партиционирате диск, шемата за нумерирање може да се види ако креирате примарни партиции sda1-3, а потоа проширена партиција sda4, па креирање логичка партиција(и) во проширената партиција. (sda5, sda5 итн.)

Секој има различно мислење за тоа како е најдобро да се партиционира дискот. Најмалку Ви е потребна една партиција која ќе го содржи коренот на датотечниот систем (root, /). Стеблото на датотечниот систем може да се распореди, па така директориумот /boot (системски директориум од стеблото на GNU/Linux), може да се монтира на различна партиција. Исто и со /home, директориум кој содржи податоци на корисниците на системот. Добра пракса е да го имате коренот на стеблото и домашната, /home, папка монтирани на различни партиции. Така ќе можете да го преинсталирате Arch Linux (па и други дистрибуции) и притоа да ги зачувате Вашите податоци, музика, слики и подесувањата за работната околина.

Во примерот кој следува ќе направиме три партиции, една за главното стебло, една за /home и една како swap партиција.

Основни информации за Swap партициите:

Swap партиција е место на Вашиот диск каде што се наоѓа виртуелната меморија. Ако на процесите кои ги извршувате им е потребно повеќе меморија од вкупниот RAM капацитет, тогаш стапува на сцена Swap партицијата. Процесите ќе ставаат податоци и информации во оваа партиција кои не можат да се стават во RAM меморијата (овој процес и не е така едноставен бидејќи Linux се труди да стави информации во swap партиција кои не се користат често). Со оглед на тоа што тврдите дискови се побавни од RAM меморијата, ова може да биде и малку бавно (иако со денешните компјутери тоа не се осеќа, а не ретко и нема потреба од голема swap партиција.

Различни луѓе ќе ви кажат различни работи за swap партициите и ќе добиете различни одговори од секој експерт/корисник. Ако имате многу RAM (повеќе од 1GB) можеби и нема потреба воопшто да користите swap. Сепак, избирањето на малечка swap партиција, од 256-512MB не е лош избор во било кој случај. Во ова упатство ќе направиме swap партиција од 1GB.

Да направиме примарна партиција која ќе го содржи основното стебло на датотечниот систем (коренот). Изберете 'New -> Primary' и внесете ја големината на партицијата (4-8GB често брка работа за целосно функционален GNU/Linux систем.). Ставете ја партицијата на почетокот на дискот. Изберете ја ново-создадената партиција и изберете "Bootable" со цел да ја направите оваа партиција бутабилна (да може да се пуштаат системи од неа). Додајте уште една партиција за Вашата /home папка (partition for your home directory) со големина која Вие сметате дека ќе Ви биде доволна. На крај, изберете создавање на партиција и за нејзин тип изберете 'Swap' (82). Големината повторно останува на Вас, ако имате помалку RAM (до 512MB) изберете swap партиција двојно поголема од вкупниот капацитет на RAM меморијата. 1GB swap партиција би била идеална во било кој случај.

Распоредот на партициите по овие измени треба да изгледа вака:

Name    Flags  Part Type   FS Type         [Label]         Size (MB)
-------------------------------------------------------------------------
sda1    Boot   Primary     Linux                           (4096 - 8192)
sda2           Primary     Linux                           (> 100)
sda3           Primary     Linux swap / Solaris            (512 - 1024)

Изберете 'Write' (Запиши) и стиснете 'y'es. Оваа операција може да уништи податоци на Вашиот диск ако притоа сте избришале некоја партиција. Изберете 'Quit' (Излез) за напуштање на партиционерот. Изберете 'Done' за напуштање на менито од Arch инсталерот наменето за партиционирање. Одете на "Set Filesystem Mountpoints" каде ќе можете да подесите точки на монтирање за датотечниот систем.

Поставување точки на монтирање

Прво ќе треба да изберете swap партиција, изберете ја претходно направената партиција (sda3 во овој пример). Ќе бидете запрашани дали сакате инсталерот да направи 'swap' датотечен систем систем на таа партиција, одговорете потврдно. Следните поставувања се во врска со главното стебло на датотечниот систем (коренот/root) изберете ја партицијата која сте ја креирале за таа цел (sda1 во овој пример). Ќе треба да изберете каков тип на датотечен систем сакате (ext3, reiserfs, jfs, итн.).

Исто како и за партициите, ако прашате различни луѓе за тоа кој датотечен систем е подобар, ќе добиете различни одговори од секого. Секој систем има свои предности и недостатоци. Главна разлика се Journaling можностите, што е слично со дневниците на трансакции кај системите за управување со бази на податоци. Сите датотечни системи, освен Ext2 поддржуваат журнализирање. Ext3 е целосно компатибилен со Ext3, па така може да монтирате Ext3 дури и со стари верзии на некои дистрибуции. Безбеден избор за главното стебло, т.е. за датотечниот систем што ќе управува со главното стебло е Ext3. Reiserfs, XFS и JFS се исто така добри со оглед на тоа што GRUB може да го пушти системот од било кој од нив. Направете го датотечниот систем и изберете 'Yes'. Дополнителните партиции имате можност да ги монтирате кога ќе бидете запрашани за 'Additional partitions'. Изберете ја партицијата што сакате да ја монтирате и точката за нејзино монтирање. Во примеров, sda2 треба да се монтира како JFS тип на датотечен систем во папката /home. Ако не сакате да ја форматирате оваа партиција, внимавајте да не изберете да се направи датотечен систем одново, при што сите податоци ќе бидат избришани (партицијата ќе биде форматирана). Вратете се на главното мени ('Return to main menu').

Избор на пакети

Сега треба да избереме пакети кои сакаме да ги инсталираме на системот (од менито 'Select Packages'). Изберете CD како извор на пакетите и изберете го точниот CD уред каде што се наоѓа медиумот со Arch пакетите. Ќе инсталираме основен систем, такашто не ни е потребно повеќе од основата ('base') (безбедно е и ако ги избереме сите пакети за инсталација). Вие одлучувате дали сакате да инсталирате повеќе пакети, а овде покасно ќе научите како да инсталирате дополнителен софтвер на лесен начин. Чекор напред...инсталирање на пакетите ('Install Packages').

Инсталирање на пакетите

Овој процес е целосно автоматизиран и зависи од тоа што го избравте во менито 'Select Packages'. Земете си кафе и чекајте инсталацијата да заврши. Стиснете „Продолжи“ ('Continue') кога тоа ќе биде потребно.

Конфигурирање на системот

Ќе треба да изберете дали сакате да се користи hwdetect за собирање информации за Вашиот компјутер. Ова е строго препорачана опција и треба да одговорите потврдно. Потоа ќе бидете запрашани дали сакате поддршка за пуштање на систем од USB уреди, Firewire уреди, pcmcia уреди, NFS точки на монтирање, RAID низи, Lvm2 и енкриптирани простори. Изберете потврдни одговори за тоа што Ви е потребно, во ова упатство ништо нема да биде избрано. Потоа ќе треба да изберете кој уредувач за текст сакате да го користите. Изберете Nano ако не сте запознати со Vim. Ќе се појави мени со важни конфигурациони датотеки кои треба да ги уредите. Засега ќе направиме само мали измени. Дополнителна школка можете да отворите со Alt+F2 ако Ви се потребни дополнителни информации за одредени подесувања. Изберете ја датотеката /etc/rc.conf за уредување од менито:

  • сменете го LOCALE за локалето што сакате да го користите (македонско: "mk_MK.UTF-8")
  • сменете го TIMEZONE ако е потребно (пр. "Europe/Skopje")
  • сменете го KEYMAP ако е потребно (пр. "mk-latin1-nodeadkeys")

Потоа, во истата датотека подолу:

  • направете измени во MODULES ако знаете кој модул недостасува во низата ('hwdetect' би требало да ја пополни оваа низа автоматски)
  • поставете HOSTNAME
  • изменете ги мрежните подесувања
    • не ја менувајте 'lo' линијата
    • подесете ја IP адресата, netmask и broadcast адресите доколку користите статичка IP
    • подесете eth0="dhcp" ако имате рутер кој автоматски доделува адреса
    • ако имате статичка IP адреса подесете ја адресата за гејтвејот (gateway) која впрочем е таа на самиот рутер и отстранете го извичникот ('!') пред ROUTE.

Нема потреба да ја менувате низата Daemons засега, но корисно е да кажеме што е daemon (демон?). Демон р програма која работи во позадина, чека да се случат настани и да изврши одредени процеси. Добар пример е вебсервер кој чека барање за испраќање на веб страница. Иако ова се целосни апликации, зад нив постојат демони кои не се видливи за корисникот. Демон кој запишува пораки во системски дневници (syslog, metalog, итн.), демон кој ја намалува фреквенцијата на Вашиот процесор ако нема потреба за тоа, демон кој подига графичка околина (Kdm, Gdm итн.). Сите овие програми може да бидат додадени во низата DAEMONS во /etc/rc.conf. За некои други корисни демони ќе прочитате подолу во упатството.

Ctrl+X за напуштање на Nano уредувачот.

Сега ќе ја уредиме /etc/hosts:

  • додајте hostname (тоа што го поставивте во rc.conf предмалку) после 'localhost'
  • ако користите статичка IP адреса, додајте мова линија: <static-ip> hostname.domainname hostname

Засега нема потреба од уредување и изменување на /etc/fstab и /etc/mkinitcpio.conf и /etc/modprobe.conf. (Fstab се грижи за точките за монтирање на системот, mkinitcpio за рамдискот (пр. подигање од RAID или енкриптирани простори) додека modprobe за додавање на дополнителни параметри кон некои модули).

Ако користите статичка IP адреса подесете го DNS во /etc/resolv.conf (nameserver <ip-address>).

Остана уште /etc/locale.gen. Отворете го и изберете го локалето кое Ви е потребно (со отстранување на тарабата '#' пред линијата). Доволно ќе е да изберете 'en_US.UTF-8 UTF-8' и 'mk_MK.UTF-8 UTF-8'. Зачувајте ги измените, по што ќе се генерираат локалињата.

Најпосле, изберете лозинка за root корисникот на системот. Запомнете ја. Вратете се на главното мени и продолжете со инсталирање на јадро ('Install Kernel).

Инсталирање на јадро

Тука немате многу избор. Изберете v2.6 и продолжете. Покасно можете да го смените јадрото. Покрај главната слика ќе биде инсталирана и fallback слика за поправање на системот доколку има потреба. Продолжете со инсталирање на подигнувачот на системи ('Install Bootloader').

Инсталирање подигнувач на системот

За оваа цел предлагаме користење на GRUB gnu.org.softver/grub поради тоа што е лесен за конфигурирање и работа, за разлика од Lilo. Предложената конфигурација на menu.lst од инсталерот е добар избор за покренување на системот. Можеби ќе сакате да ја измените резолуцијата на конзолата во која ќе се пушта системот. За таа цел, додајте 'vga=<number>' во линијата на саканото јадро (првата линија). Линија со резолуции и соодветни нумерички ознаки кои треба да стојат на местото на 'number' има во самата menu.lst датотека. По инсталирањето и конфигурирањето на подигнувачот на системите, време е да излеземе од инсталерот и да го пуштиме новиот систем.

Ако се е во ред, ќе се појави GRUB мени, и Arch ќе се пушти без јавена грешка. Ќе ве однесе на екран за најавување од школката. Најавете се како root.

Конфигурирање на основниот систем

Ќе прикажеме некои основни подесувања за почеток.

Конфигурирање на Pacman

Уредете ја датотеката /etc/pacman.conf:

 ~ nano -w /etc/pacman.conf

и отстранете го знакот # од пред "Include = /etc/pacman.d/community" и "[community]" линиите за да го овозможите складиштето на заедницата за Pacman полно со корисни апликации. Потоа уредете ја датотеката /etc/pacman.d/community и изберете (повторно со отстранување на # пред линиите) складиште кое е во Ваша близина. Ова може да го направите за сите складишта кои се во посебни датотеки во /etc/pacman.d/ директориумот.

Конфигурирање на мрежата

Конкретни правила за конфигурирање мрежа под GNU/Linux кои може да се применат и за Arch може да се најдат во Мрежни поставувања под GNU/Linux.

Жична мрежа

Ако се досега се одвиваше без проблеми, веќе треба да имате функционална мрежа. Обидете се да пингате некој сервер на Интернет (пр. 'ping www.google.com') за да се осигурате во тоа. Ако добиете грешка "unknown host", мрежата сеуште не е подесена правилно. Проверете ги поставувањата со:

# ifconfig

треба да има дел за eth0. Може да поставите нов статичка IP адреса со командата:

# ifconfig eth0 <ip адреса> netmask <netmask адреса> up

како и поставување на стандардниот гејтвеј со:

# route add default gw <ip адреса на гејтвејот>

Потоа проверете дали /etc/resolv.conf ги содржи DNS серверите што се потребни и додајте ги ако ги нема. Проверете ги поставувањата на мрежата повторно со ifconfig и со пингање на www.google.com. Ако се е во ред, подесете ја датотеката /etc/rc.conf како што е опишано во поглавјето 2.6 (статичка IP адреса). Ако имате DHCP сервер/рутер во мрежата, пробајте да добиете адреси со:

# dhcpd eth0

Ако така е во ред, поставете го /etc/rc.conf како што е опишано во поглавјето 2.6 за динамичка адреса.

Безжична локална мрежа

Поставете ги безжичните интерфејси како што е опишано овде.

Потребни се инструкции за поставување wireless-mesh

Аналоген модем

За да можете да користите Hayes-компатибилен, надворешен аналоген модем, треба да го имате инсталирано барем ppp пакетот. Изменете ја датотеката /etc/ppp/options да одговара на Вашите потреби (прочитајте 'man pppd'). Потребно е да поставите и chat-скрипта (?) преку која ќе ги дефинирате корисничкото име и лозинка од ISP-то потребни за воспоставување на врската. 'man pppd' има примери како да ги поставите chat-скрипта за таа цел. Со 'udev' Вашите сериски порти обично се /dev/tts/0 и /dev/tts/1.

Исто така, симнете и научете да го конфигурирате WvDial - скрипта за автоматско поставување на DialUp врска. Повеќе информации за dial-up модеми под GNU/Linux, на linmodems.org.



ISDN

Подесување на ISDN се прави во три чекори:

  1. Инсталација и конфигурирање на хардверот
  2. Инсталација и конфигурирање на ISDN алаткитеhttp://mobile9.de/
  3. Подесување на ISP

Речиси секоја верзија на Arch јадрото (Linux) ги содржи ISDN модулите, што значи дека не мора да го компајлирате јадрото освен ако не користите непознат ISDN хардвер.

Откако физички ќе ја инсталирате Вашата ISDN картица или пак ќе ја поврзете во USB портот, можете да го влучите модулот со modprobe. Речиси сите пасивни ISDN PSI картички се управувани од hisax модулот кој бара два параметри; тип и протокол. Протоколот мора да биде наместен на '1' доколку провајдерот го користи 1TR6 стандардот, '2' доколку го користи EuroISDN (EDSS1), '3' доколку сте закачени на така наречена опуштена линија без D-канал, и '4' за US NI1.

Детали за поставувањето на картицата се влучени во документацијата на Linux, поточно во isdn поддиректориумот, или пак може да се набават преку Интернет.

Параметарот за тип зависи од Вашата картица; Листа на сите можни типови може да се најде во README.HiSax документацијата за Linux. Одберете ја Вашата картица и вклучете го модулот со прикладните опции како пр.:

# modprobe hisax type=18 protocol=2 

Ова ќе го вклучи hisax модулот за ELSA Quickstep 1000PSI картицата, која се користи преку EDSS1 протоколот. Можете да најдете излезна за дебагирање во датотеката /var/log/everything.log каде можете да видите како Вашата картица работи.Ве молиме запомнете дека треба да вклучите и USB модули пред да користите USB ISDN адаптер.

Откако ќе се осигурате дека Вашата картица работи со одредените поставувања, можете да ги додатете опциите за модулот во /etc/modprobe.conf:

alias ippp0 hisax
options hisax type=18 protocol=2

Доколку сакате можете поставувањата можете да ги направите на овој начин, а hisax модулот да го вклучите преку MODULES низата во /etc/rc.conf, предноста на горенаведениот пример е тоа што модулот може да се вклучи само кога е потребен.

Доколку се поминало како што треба би требало да имате целосно оперативен хардвер, сега се потребни основните алатки за да може да го користите.

Инсталирајте го isdn4k-utils пакетот, и прочитајте ја man страницата до isdnctrl, со која ќе почнете. Понатаму на man страницата ќе најдете објаснување како да направите конфигурациска датотека за isdnctrl, како и некои помошни примери за подесување. Ве молиме запомнете дека треба да го додатете Вашиот SPID на Вашите MSN поставки одделени од колона доколку користите US NI1.

Откако ја конфигуриравте Вашата картица со isdnctrl алатката, можете да ја повикувате одбраната машина со PHONE_OUT параметарот, но нема да успеете да се логирате со корисничкото име и лозинка. Да го решите овој проблем додадете го Вашето корисничко име и лозинка во /etc/ppp/pap-secrets или /etc/ppp/chap-secrets како кога конфигурирате нормална PPP конекција, зависно од кој протокол Вашиот ISP провајдер користи за потврда на корисничкото име и лозинка. Доколку се двоумите каде да ги зачувате корисничкото име и лозинка користете ги и двете места.

Доколку се е добро подесено, можете да воспоставите dial-up конекција со користење на

# isdnctrl dial ippp0

Доколку имате некакви проблеми, запаметете да ги проверите дневниците!

DSL (PPPoE

Овие инструкции се важни само ако Вашиот компјутер се грижи за справување со врската кон вашиот ISP. Не треба да правите ништо освен да дефинирате точен гејтвеј ако користите различен рутер за да ја завршите оваа работа.

Пред да почнете да ја користите DSL врската, ќе треба физички да инсталирате мрежна карта која треба да биде поврзана кон DSL модем во Вашиот компјутер. По додавањето на ново-инсталираната мрежна картица во modules.conf/modprobe.conf или во MODULES низата (во /etc/rc.conf), треба да го инсталирате пакетот 'rp-pppoe' и да ја пуштите скриптата 'pppoe-setup':

# pppoe-setup

Откако ќе ги внесете сите податоци, може да се врзувате и одврзувате од линијата со:

# /etc/rc.d/adsl start

и

# /etc/rc.d/adsl stop

соодветно. Подесувањето е лесно и едноставно. Само следете ги упатсвата и читајте ги пораките. Ако сакате да се воспоставува врска автоматски, кога системот се пушта, додајте го 'adsl' во низата DAEMONS.

Ажурирање на системот

Сега ќе го ажурираме целиот систем со користење на Pacman, справувачот за пакет за Arch (нешто слично на APT за Debian).

Извршете ја командата:

# pacman -Sy

Со ова ќе се симнат најновите информации за достапните пакети. Следниот чекор е да го ажурирате Pacman со:

# pacman -S pacman

За ажурирање на целиот систем извршете:

# pacman -Su 

Ако сакате да направите синхронизација и ажурирање автоматски, извршете:

# pacman -Syu

Напијте се едно пиво или кафе додека системот се надоградува. Нови пакети има секојдневно.

Додавање на корисници

Предлог: Корисно упатство може да Ви биде и Упатство:Администрација на корисници.

Секојдневната работа не треба да ја обавувате користејќи ја 'root' сметката на Вашиот систем, за било која Дистрибуција. Дистрибуциите што тоа го прават стандардно го избрале лошиот и небезбеден начин, поради редица причини (пр. една од нив е што со 'root' привилегиите процесите кои се извршуваат може да прават што „сакаат“ на системот). Наместо тоа, додадете нов корисник:

# adduser

Иако стандардните подесувања се безбедни и корисни, можеби ќе треба да го додадете новио корисник во групата 'audio', 'optical', 'wheel' и сл. Audio дозволува да пристапувате кон аудио картицата/можностите, групата Optical дозволува пристап до CD-уредите, додека групата Wheel дозволува можност за пристап до 'root' привилегии преку командата Su.

Инсталирање и конфигурирање на хардвер

Конфигурирање на звучната картица

Вашата картичка веќе треба да работи, но можеби нема да можете да чуете ништо поради тоа што каналите се целосно намалени. Инсталирајте го пакетот 'alsa-utils':

# pacman -S alsa-utils

и искористете ја алатката 'alsamixer' за подесување на каналите. Зголемете ја јачината (со стрелките) барем на главниот канал и PCM каналот (стиснете го копчето 'M' за однемување).

Alsamixer можете да го напуштите преку копчето ESC и подесувањата да ги зачувате со:

# alsactl store

Додајте го alsa демонот во DAEMONS во /etc/rc.conf за автоматско враќање на зачуваните поставувања кога системот се пушта.

Конфигурирање на скалирање на процесорот/те

Модерните и новите процесори имаат можност да ја намалат нивната фреквенција и волтажа со цел намалување на загревањето и трошењето батерија. Ова може да придонесе за потивок систем, па така дури и десктоп системите ќе имаат корист од тоа. Инсталирајте го пакетот 'cpufrequtils':

# pacman -S cpufrequtils

и додајте го 'cpufreq' во DAEMONS во /etc/rc.conf. Уредете ја конфигурационата датотека /etc/conf.d/cpufreq и сменете го делот 'governor' во:

governor="conservative"

што ќе овозможи динамичко зголемување на фреквенцијата на процесорот ако тоа е потребно. Измнете ги вредностите на 'min_freq' и 'max_freq' да одговараат на спецификациите на Вашиот процесор. Додајте го модулот за скалирање во низата MODULES во /etc/rc.conf (пр. speedstep_centrino за Pentium M процесорите или powernow-k8 за Athlon64). Вчитајте го модулот со:

# modprobe <име на модул>

и пуштете го cpufreq со:

# /etc/rc.d/cpufreq start

Дополнителни измени за лаптопи

Поддршка за ACPI е потребна ако сакате да користите специјални функции за Вашиот лаптоп (пр. спиење, спиење кога се затвора капакот на лаптопот, специјални копчиња...). Инсталирајте го 'acpid':

# pacman -S acpi

Додајте го во низата DAEMONS во /etc/rc.conf (acpid) и пуштете го со:

# /etc/rc.d/acpid start

Специфични информации за Arch Linux на лаптопи има на Вики сајтот на Arch во категоријата Laptops (English).

Инсталирање и конфигурирање на Xorg

Сега ќе инсталираме Xorg со Pacman. Напишете

# pacman -Sy xorg-server

И изберете 'Y'. Ги имате основните пакети потребни за пуштање на X серверот. Сега треба да го додадете драјверот за Вашата графичка картица (пр. xf86-video-intel за intel графичка картица). За листа на сите видео драјвери, напишете:

# pacman -Ss xf86-video|less

Ако Ви требаат детални информации за тоа која графичка картичка ја поседувате:

# lspci|grep VGA

Стандардно, немате Xorg конфигурациона датотека, и со најновиот Xorg не Ви е потребна ако автоматското препознавање работи задоволително и нема потреба да пуштате можности како 'Aiglx' итн. Мнозинството луѓе ќе треба да генерираат конфигурациона датотека, сепак.

Основниот начин за конфигурирање на Xorg е:

# Xorg -configure

Така ќе направите датотека xorg.conf во /root папката. Преместете ја конфигурационата датотека на соодветното место:

# mv /root/xorg.conf.new /etc/X11/xorg.conf

Други начини за креирање xorg.conf без поголеми потешкотии, користењето на алатката 'tpowa' која е напишана од развивачот на Arch:

# hwd -xa
# hwd (за преглед на други опции)

Неслободните видео драјвери исто така имаат алатка за уредување на xorg.conf за конфигурирање на драјверот:

# aticonfig

или

# nvidia-xconfig

Сепак, не треба да Ви е тешко и чудно да ја уредувате xorg.conf датотеката „рачно“ бидејќи така ќе можете лесно да поправите некои ситуации во кои ќе се најдете во иднина. Користете ги Nano или Vim за уредување:

# vim /etc/X11/xorg.conf

или

# nano /etc/X11/xorg.conf

Ако сакате да ја тестирате конфигурицајата, инсталирајте 'xterm' и 'twm' со:

# pacman -S xterm xorg-twm

и напишете startx. Можете да излезете од Xorg преку Ctrl+Alt+Backspace. Ако имате проблеми при подигање на Xorg прегледајте ги дневниците во /var/log/Xorg.0.log датотеката или директно на излезот на конзолата од каде што го пуштате Xorg.

Сега ќе сакате да инсталирате графички менаџер за најавување (така ќе се избегне пишување на startx на секое подигање на системот). Пр. GDM или KDM.