Хаклаб

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Што е хаклаб

Отворање на првата технолошка автономна зона, која ќе се користи за промовирање на користењето и развојот на еманципирачки технологии како слободниот софтвер, јавниот, отворен и пристапен интернет и алтернативните медиуми базирани на социјалните мрежи.

Ваквите технолошки автономни зони накратко познати како лаборатории го промовираат активното учество на граѓаните и ја поттикнуваат креативната употреба на технологијата, како одговор на отуѓувањето и пасивното конзумирање што најчесто се поистоветува со компјутерската технологија.

Лабораторијата ќе им овозможи на учесниците употреба на своето знаење во пријатна атмосфера, со слободен пристап до брз и неограничен интернет и шанса за стекнување нови знаења инспирирани од работата во помали групи на луѓе со исти или слични интереси во сферата на информатичката и комуникациската технологија.