Хаклаб/ЈавенКомпјутер

Од Сподели wiki
Преработка од 23:04, 22 октомври 2012; направена од Глиша (разговор | придонеси)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Компјутерот на кој што седиш е јавен.

  • Секој во Хаклабот има физички пристап до него.
  • Секој во Хаклабот има пристап до администраторската лозинка.

Во секој момент треба да сметаш дека компјутерот e компромитиран и сите информации кои ги внесуваш или читаш на него некој ти ги краде или ги изменува.

  • Не се најавувај на сајтови кои ти се важни (Gmail, Е-банкарство, Facebook...)
  • Не се најавувај на сајтови кои имаат иста лозинка со таа на сајтовите кои ти се важни(во суштина не ни треба да имаш таква заедничка лозинка).


Ако не носиш свој компјутер, а имаш потреба да користиш вакви приватни сајтови и сервиси, ова се неколку работи кои може да го намалат ризикот твоите податоци да бидат украдени:

  • Направи си и носи си со тебе твоја Live Linux USB меморија со некоја Linux дистрибуција. Ако незнаеш, имај со себе празна USB меморија и прашај ги тие околу тебе, ќе ти помогнат.
  • Во мрежата на Хаклаб има мрежно бутирање на повеќе Linux live дистрибуции. При секое бутирање се вчитува оригинална слика на Linux дистрибуцијата. По секое гасење податоците и историјата се губат. Пристап до тие дистрибуции имаат помалку луѓе. Ако не си сигурен како да направиш мрежно бутирање, прашај некој околу тебе.

Иако ваквото користење на друг оперативен систем, не тој што е на компјутеров, го намалува ризикот твоите податоци некој да ги краде или изменува, сепак повторно во секое време имај на ум дека ова е јавен компјутер во Хаклаб и некој може физички да го изменил за да го прави тоа.