Хаклаб/Дежурства

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Општо

  • Дежурството не е опционо. Ако си долу на листата Дежурството е задолжително.
  • дежурен може да биде секој член на хаклабот;
  • дежурниот треба да го одржува редот во хаклабот;
  • дежурниот е одговорен за се што се случува во хаклабот;
  • дежурствата траат по една недела, а дежурниот мора да е присутен на сите настани таа недела;
  • доколку дежурниот не може да присуствува на некој настан, треба самиот да си најде замена;
  • лицето што ќе го заменува дежурниот, исто така мора да е член на хаклабот;
  • размената на клучеви и друга опрема се врши помеѓу тековниот и следниот дежурен без да се замараат останатите членови.

Одговорности на дежурниот

Одговорностите на Дежурниот се прости: објави-отвори-исчисти-затвори.

  • Да ги координира содржините за настаните што ќе се случуваат таа недела во Хаклабот;
  • На blog.spodeli.org да ги објавува најавите за настаните;
  • да се отвори навреме хаклабот (без разлика колку настани има во неделата);
  • да го исчисти (да го собере ѓубрето по масите, со метла да го смете подот, со џогер да го избрише подот);
  • да се твитне дека е отворен #хаклаб #skopjehacklab од 2c.mk твитер акаунтот;
  • да се напраи кафето и чајот;
  • да се затвори хаклабот;
  • хаклабот да се остави во првобитната состојба;
  • да ги собере сметките за станот кои ќе ги најде доставени преку пошта и за тоа да го извести Миша по имејл.

Горните работи се задолжителни.

Договарање на IRC или на некој друг начин да се отвори Хаклабот не е дежурство. Хаклабот мора да биде отворен за јавноста во термините за јавните настани (во моментов тоа се Понеделник/Прва помош, Четврток/Програмирање, Сабота/Сподели знаење).

Останатите часови може да се договараат по слободна воља или адхок за муабетење, сурфање, гледање документарци и рандом.

Листа на членови пријавени за дежурства

  1. Дамјан Георгиевски
  2. Јован Костовски (Чомбе)
  3. Владан Поповиќ
  4. Александар Лазаров
  5. Арангел Ангов
  6. Георги Станојевски
  7. Игор Стаматовски
  8. Далибор Насевиќ

Распоред на дежурства

Ред бр. Дежурен бр. седмица Датум [од - до] Забелешка
1 Далибор 2/2012 9.01.2012 - 15.01.2012
2 Стама 3/2012 16.01.2012 - 22.01.2012
3 Алекс 4/2012 23.01.2012 - 29.01.2011
4 Чомбе 5/2012 30.01.2012 - 05.02.2012
5 Дамјан 6/2012 06.02.2012 - 12.02.2012
6 Уфо 7/2012 13.02.2012 - 19.02.2012
7 Глиша 8/2012 20.02.2012 - 26.02.2012
8 Владан 9/2012 27.02.2012 - 04.03.2012
9 Мите 10/2012 04.03.2012 - 11.03.2012
10 Миша 11/2012 12.03.2012 - 19.03.2012