Хаклаб/ДонацииПисмо: Разлика помеѓу преработките

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
(Создадена страница со: 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 Отворен повик за дона...)
(нема разлика)

Преработка од 19:37, 12 февруари 2011

1
2
3
4
5
6
7
8
9

10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 Отворен повик за донации

Хаклабот КИКА претставува првата технолошка автономна зона која се користи за промовирање на слободниот софтвер како и слободната култура во Р. Македонија.

Хаклабот КИКА досега може да се закити со остварени успешни проекти на полето на слободниот софтвер - слободната култура. Во КИКА редовно се организираат настани од типот на Сподели Знаење - секоја сабота, Убунту прва помош - секој понеделник и Програмски јазици - секој четврток.

Овие настани се од отворен карактер, и секој со желба да научи нешто ново, да сподели нешто ново или пак да дискутира за некоја од тематиките кои што се разработуваат во текот на овие настани, слободно може да дојде во КИКА.

За успешно функционирање на хаклабот, потребни се финансиски средства со кои се плаќа за кирија, средства за хигиена, средства за одржување на просторот (сепак ништо не е трајно), како и средства за успешно изработување на проектите.

Хаклабот КИКА се одржува во живот од донации на средства од луѓето кои што сакаат КИКА да продолжи да живее.

Потребни ни се донации! Со вашата помош ќе може да направиме многу кул работи, да направиме многу интересни проекти, да направиме сајлонец за доминација на светот како и многу останати работи.

Како може да помогнете, на два начини :

  • Финансиска помош, да ни донирате финансиски средства за остварување на

горенаведеното, и

  • Хардверска помош, доколку имате опрема, стара/нова електроника и електронски

уреди, компјутери, компјутерски делови и периферија итн, би можеле да ни ја донирате и истата ние би ја искористиле за играње со неа како и за правење на некои интересни проекти со истата.

Што добивате за возврат? Добро чуство и се разбира, тука сме да ви помогнеме (колку што можеме) доколку имате некој проблем од полето на слободниот софтвер.


Доколку сакате да ни помогнете, обратете се кон info ет slobodensoftver.org.mk