Хаклаб/Курсеви/Arduino

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Internet of things 101

120x120

Мини курс за користење и програмирање на Arduino за почетници

Курсот претставува вовед во електроника на микроконтролери со помош на Ардуино, има практична природа и би ви овозможил реализирање на вашите проекти или уметнички инсталации.

Александар Лазаров (авторот на популарната LED коцка) ќе се обиде со едноставен јазик и практични примери да ви го доближи ардуиното како отворена платформа и слободен хардвер, и начинот на кој што можете да го употребувата, надградувате и како практично да ги надминете границите на вашата имагинација.

Времетраењето на курсот е 4 часа од по 45 минунти, поделени во два дена. Цената на курсот во кое е вклучено комплетчето за работа е 3500 денари.

Што се добива во комплетчето: 1 Ардуино + 1 Бредборд + 10 ледици + 1 температурен сензор + жички

Поради просторни можности, максимум 10 слушатели може да учествуваат на курсот. Доколку има интерес за повеќе може да се организира уште дополнителни термини.


Програма

Kurs.jpg

Ден прв 16 октомври 2012

  • Што е интернет на стварите ?
  • Што е ардуино и како да го користам
  • Како да го „натерам“ ардуиното да прави работи за мене
    • ЛЕД Коцка
    • Мериме (температура, број на уреди)
    • Контрола (Клима уред, печка)

Ден втор 17 октомври 2012

  • Ардуино + протоборд + диода
  • Ардуино програмирање (IDE)
  • Свети, Мери, Трепкај

Комплетче за курсот

  • Ардуино еден
  • УСБ Кабел
  • Бредборд
  • 10 Диоди
  • 1 Температурен сензор
  • Кабли

Пријава

Рокот за пријавување е 1ви Октомври. Може да се пријавите на линкот подолу :

http://0.mk/arduino-prijava

Цена на целиот курс е 3500 денари, цена на курсот без комплетче е 2300 денари. Вредноста на комплетчето е 1200 денари. Ако веќе имате ардуино, потребно е само да уплатите 2300 денари за самиот курс.

Средствата се распределени на следниов начин, 300 денари од секоја пријава одат за поддршка на хаклабот КИКА, 2000 одат како хонорар за организаторот на курсот.

Галерија