Хаклаб/Курсеви/Programming 101 Python

Од Сподели wiki
Прејди на: содржини, барај
Текот на курсот

„Programming 101, in Python“ е курс по програмирање, наменет за почетници. Во него, преку решавање на проблеми во програмскиот јазик Python, студентите ги учат основните концепти на програмирањето. Курсот е структуриран на таков начин што освен самиот јазик, студентите ќе имаат прилика да научат и како да снаоѓаат во Linux терминалот, како да го користат Git софтверот за верзионирање и да видат како кодот напишан во Python би изгледал во друг јазик.

Курсот е пред сѐ наменет за студенти кои штотуку се запишале на факултет за компјутерски науки, планираат да се запишат, или претендираат во иднина да работат на развој на софтвер. Фокусот е ставен на запознавањето со фундаменталните концепти од програмирањето, универзални за сите програмски јазици. Секако, курсот е отворен за сите и може да биде од корист било кому, без разлика на позадината од која доаѓа.

Сите студенти добиваат бутабилно USB со модифициран Linux, на кој ќе бидат инсталирани сите алатки потребни за курсот. Секој студент работи на свој лаптоп. USB-ата остануваат на студентите по завршувањето на курсот.

Може да се пријавите на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/1OmRYtdYbJITt8HHr3qk__11mll_JNMpthxgrOy9WiR0/viewform

На кратко

  • Курс по програмирање наменет за почетници
  • Се учат многу мал број на основни концепти, кои потоа се комбинираат во покомплексни програми (think Lego)
  • Се решава во Python, примери и во други јазици
  • Сите студенти добиваат bootable USB со Linux (останува за нив) со сите потребни алатки
  • Освен Python, користат и Linux терминал, Git, Github, тестови
  • 6x2 часа, еднаш неделно, консултации преку мејл и во хаклаб преку целата недела

Ментор

Курсот го организира Андреј Трајчевски, повеќегодишен член на хаклабот. Во минатото го има организирано курсот „Дизајнирање на компјутер, од нула!“ во кој - почнувајќи од елементарни единки, логички порти - студентите дизајнираа процесор. Во повеќе наврати има одржувано презентации: за Алан Туринг и разбивањето на Енигма, генерирање на поезија во Python, како и работилници за анонимност и безбедност.

Освен тоа, Андреј е freelance web developer, скоро дипломиран (almost, не recently) студент на Штулов, фан на Haskell и алкохол.

Линкови

Често поставувани прашања (FAQ)

Кога почнува курсот?

Во среда, 7-ми октомври, 2015

Кои денови ќе се одржува?

Секоја среда, од 19:00 до 21:00 часот (веројатно и подоцна, ако има интерес)

До кога ќе трае курсот?

6 недели, до кога му доаѓа. (Можеби малку повеќе? Ќе видиме.)

Како да се пријавам?

Внеси ги своите податоци тука: форма за пријавување

Колку ќе чини курсот?

3000 денари.

Како може да платам?

Најлесно е во готово, на првиот ден од курсот. Алтернативно, на жиро сметка со дознака „за курс по програмирање“.

Каде одат парите од курсот?

На сметката на КИКА (Слободен Софтвер) за потоа да ги потрошиме на кирија, струја, вода и сл.

Сакам да го посетувам курсот, но не можам да платам. Што да правам?

Испрати мејл на andrejtrajchevski@gmail.com и ќе ја разгледаме можноста хаклабот да те стипендира.

Зошто баш Python?

Затоа што е популарен јазик за генерална употреба, императивниот код напишан во Python изгледа убаво; генерално сметам дека е добар јазик за објаснување на основните концепти

Веќе две години професионално програмирам, дали ќе ми биде интересно ако дојдам?

Тешко.

Колку луѓе би биле во група?

Не повеќе од 10. Ако има повеќе од 10 пријавени, ќе има втора група (уште не се знае во кој термин.)

Кого да контактирам за _______?

Андреј, на мејл: andrejtrajchevski@gmail.com