Хаклаб/КуќенРед

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Почитување на Куќниот Ред е неопходен услов за успешно функционирање на Хаклаб-от.

(Ова е предлог Куќен Ред кој е во изработка, додадете предлози, но не ги дискутирајте тука, би требало да ги собереме сите предлози а потоа да ги изгласаме или сл, за да станат официјални)

КУЌЕН РЕД

  • КИКА е отворен простор.
  • Нема пушење во хаклабот.
  • По секој настан сите остануваат 20 минути да средат; ако си одиш порано собери го целото ACTUAL ѓубре и фрли го! Оддржувај го просторот чист!
  • Дежурниот член е задолжен за отворање и затворање на просторот согласно упатството. Распоредот за дежурство ќе биде објавуван на листата spodeli-prostor.
  • Просторот се чисти секоја втора сабота, еден час пред Сподели знаење.
  • Додека се одржува некој настан ако сакаш да правиш нешто надвор од темата користи ја помошната просторија за да не им сметаш на останатите.
  • Прочитај го упатството за фер користење на мрежата во хаклабот и секогаш користи HTTPS.
  • Членарината е задолжителна за членовите. Члeнарината не е задолжителна за останатите посетители. Кој сака, уплаќа по 20 евра. Членарината се собира од 20ти до 27ми во месецот. Парите се трошат за кирија и функционирање на хаклабот.
  • Тој што плаќа членарина станува член. Членовите имаат пристап до хаклабот 24x7.
  • Посетител кој што со посебен интерес и активности придонесува во работата на хаклабот а не е во можност да плаќа членарина може да биде изгласан за член.

Ресурси

(овие ќе ги тргнеме откога ќе има некоја содржина на странава, сега нека стојат како потсетник)