Хаклаб/Температура

Од Сподели wiki
Прејди на: содржини, барај
Ардуиното и LCD екранот

Во Хаклаб во секоја соба има DS18B20 one wire температурни сензори. Ардуино ги отчитува, од ардуиното на сериска порта ги чита компјутер со python и ги праќа на cosm.com да се графираат.

Графиците се на https://cosm.com/feeds/64655


Хардвер

Во секоја соба одат по две жици. Едната е GND другата е data. DS18B20 се напојуваат паразитивно од data линијата.

Помеѓу 5V на ардуиното и data линијата (pin 10) има отпорник од 4,7KOhms како pull-up.

Дополнително да не трошиме Ардуино ќе направиме плочка на која ќе го врземе само ATMEGA168 чипот. Еве ја шемата https://github.com/AleksMK/temperature-interface

Софтвер

Ардуиното ги чита сите сензори кои се закачени и ги чува вредностите што последно ги прочитал и кога на сериска порта ќе добие 1 бајт ги враќа вредностите.

Кодот кој работи на ардуиното: https://gist.github.com/3030157

На компјутер работи python кој на 15 минути ги чита вредностите и ги праќа на cosm. Python кодот е исто на gist https://gist.github.com/3024897