ЧПП2с.мк

Од Сподели wiki
Преработка од 15:24, 20 мај 2012; направена од Новица (разговор | придонеси) (Создадена страница со: == Често поставувани прашања за слободен софтвер и Слободен софтвер Македонија == === ...)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Често поставувани прашања за слободен софтвер и Слободен софтвер Македонија

Што е тоа Национална политика за слободен софтвер?

Национална политика за слободен софтвер е документ на кој во текот на 2010 и 2011 година работеше Слободен софтвер Македонија заедно со заинтересирани страни од НВО и бизнис секторот во земјава, како и водечките универзитети.

Документот е предаден на разледување во Министерството за информатичко општество и администрација и сега е во нивна надлежност.

Сите новости во врска со политиката, како и конечниот текст што е испратен до МИОА се наоѓаат на: http://npss.slobodensoftver.org.mk/

Дали има слободна алатка за проверка на правопис (spell checker) за македонски јазик?

Колку што ни е нам познато таква алатка не постои.

Дали постои слободен оперативен систем кој што може да го употребуваат компании?

Да. Сите варијанти на слободниот оперативен систем GNU/Linux може да се употребуваат за работа во компании и за тоа не е потребна никаква дополнителна дозвола.

Популарните дистрибуции што се достапни на интернет како на пример [www.ubuntu.com Ubuntu] ги содржат вообичаените програми што се потребни за секојдневна работа, како канеларсики пакет, сурфање на интернет, печатење на документи и слично.

Како да станам член на Слободен софтвер Македонија

Член на Слободен софтвер Македонија се станува по распишување на конкурс за прием на нови членови што вообичано се случува еднаш годишно.

Повикот за ова се објавува на поштенската листа: http://lists.softver.org.mk/listinfo/ossm-members

Вообичаено за членови може да конкурираат лица што веќе имаат некаква историја во заедницата за слободен софтвер. Затоа, како прв чекор, препорачуваме да станете активни во заедницата пред воопшто да конкурирате за членство.

Заедницата исто така комнуцира на горната поштенска листа, а главното собирно место е Хаклабот КИКА.

Имам проблеми со мојата GNU/Linux дистрибуција. дали можете да ми помогнете?

Слободен софтвер Македонија не нуди техничка поддршка за било која GNU/Linux дистрибуција или поединечни алатки.

Доколку сакате можете да пробате да добиете помош од други корисници и тоа:

Дали мојата омилена програма работи во GNU/Linux

Сите чести и популарни програми што ги знаете имаат свои варијатни што работат во GNU/Linux.

На пример замена за популарниот Photoshop е GIMP, а за MS Office е LibreOffice.

Но, ние не водиме детална евиденција за сите програми. Доколку имате конкретно прашање можете да се обратите на местата каде што комуницира зедницата (види погоре).

За дополнителни информации можете да погледате и на овва веб страница: http://www.linuxrsp.ru/win-lin-soft/table-eng.html


Види и: ЧПП