Што е слободен софтвер?: Разлика помеѓу преработките

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 46: Ред 46:
   на програмата. Се разбира, доколку сакате, за ваквите активности можете да наплатите.
   на програмата. Се разбира, доколку сакате, за ваквите активности можете да наплатите.
</pre>
</pre>
[[Категорија:Слободен софтвер]]

Преработка од 14:33, 18 октомври 2006

Фондацијата за слободен софтвер од САД, и Европската фондација за слободен софтвер одржуваат два документи кои детално го објаснуваат слободниот софтвер, т.е. даваат опширен одговор на прашањето што е слободен софтвер.

Тие текстови, на англиски јазик, достапни се на страниците на FSF и FSFE и

носат логични наслови: „The Free Software Definition“ и „What is Free Software?“.

Накратко, четирите слободи кои го дефинираат слободниот софтвер се:

1. Слобода да ја користите програмата за било која намена.

  Додавањето рестрикции за користење на слободен софтвер, 
  како што се временските рестрикции („Пробен период од 30 дена“, 
  „Лиценцата истекува на 1 јануари 2005“), рестрикции на целта 
  („Дозволена е употреба за истражувачки и некомерцијални цели“) 
  или рестрикции на географската област („Мора да се користи во
  земјата А“), ја прават програмата неслободна.

2. Слобода да проучите како работи програмата и како истата да ја адаптирате на сопствените потреби.

   Додавањето легални или практични рестрикции на разбирањето
   или менувањето на програмата, како што се задолжително 
   купување на специјални лиценци, потпишување на спогодба за неоткривање
   (Non-Disclosure-Agreement) или правењето преферираниот човечки 
   начин за разбирање и уредување на програмата („изворниот код“),
   за програмски јазици кои имаат различни форми на репрезентирање,
   да биде недостапен, исто така ја прават програмата неслободна.
   Без слободата да се менува програта, луѓето ќе останат на 
   милост на единствен снабдувач. 

3. Слобода да редистрибуирате копии за да му помогнете на вашиот сосед.

  Софтверот може да се копира/дистрибуира скоро без 
  никакви трошоци. Ако не смеете да му дадете некоја програма на 
  некој човек кому таа му треба, тоа ја прави програмата неслободна.
  Се разбира, доколку сакате, за ваквите активности можете 
  да наплатите.

4. Слобода да ја подобрувате програмата и да ги издадете вашите подобрувања во јавноста, од што корист ќе има целата заедница.

  Сите луѓе не се подеднакво добри програмери. Некои луѓе пак воопшто не знаат
  да програмираат. Оваа слобода им дозволува на оние луѓе кои немаат време или
  знаење да решат некој проблем индиректно да пристапат до слободата за менување
  на програмата. Се разбира, доколку сакате, за ваквите активности можете да наплатите.