Што е со моите податоци

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Верзијата за печатење повеќе не е поддржана и може да дава грешки. Подновете си ги бележнците во прелстувачит и користете ја можноста за печатење од самиот прелистувач.

Една од најголемите пречки кога се префрлате од неслободен софтвер е компатибилноста. Компаниите кои произведуваат неслободни формати не дозволуваат никој освен тие да знае како нивниот производ работи. И покрај ова, GNU/Linux е компатибилен со речиси секој формат на податоци кој постои и најчесто постои слободна апликација која може да ги чита ваквите формати. На пр. документи од Microsoft Office се поддржани во OpenOffice.org додека датотеки од Adobe Photoshop се поддржани со The Gimp.

GNU/Linux ја поддржува и охрабрува употребата на слободните формати. Моментално најголемиот дел од документите се креираат со Microsoft Office чии формати се неслободни и во соптсвеност на Microsoft. Користењето на ваквите формати Ве става во заложништво на Microsoft кој може да ги направи (и ќе ги направи) нивните формати некомпатибилни со други апликации, вклучувајќи дури и постари верзии на Microsoft Office. Поради тоа што овие формати се неслободни, луѓето ќе бидат приморани да набават нови верзии на Microsoft Office. Некои слободни канцелариски апликации можат да читаат и запишуваат во неслободни формати но често резултатите не се совршени затоа што програмерите го немаат кодот според кој ќе ја имплементираат поддршката. Слободниот софтвер врши прекрасна работа во можноста за работа со формати од Microsoft, па и Вие ќе можете да ги користите и промените нивниот формат без проблем. Може да прочитате повеќе за ова во следното поглавје на сајтов 'Останати важни напомени'.

Како резултат на сето тоа, слободната заедница прифати нов формат одобрен од Меѓународната организација за стандардизација (ISO) кој претставува XML базиран стандард за документи (ISO26300) изработен од OASIS под името 'отворен формат за документи' или OpenDocument. Oвој стандард е достапен за секој, да го проучува и имплементира (да, дури и Microsoft) затоа што кодот е достапен. Поради притисок Владите кои се префрлаат кон употреба на слободните формати, Microsoft беше приморан да го поддржи во следните верзии на своите канцелариски производи. Не се знае до кој степен ќе го направи тоа, но OpenOffice.org веќе го поддржува. Покрај овие формати постојат и многу други кои се слободно достапни, како што се HTML, PDF па дури и plain text форматот.

Како што тврди ISO Организации и индивидуалци кои ги складираат своите податоци во слободни формати, избегнуваат да бидат врзани само со еден производител на софтвер, оставајќи простор да се префрлат на друго решение ако нивниот производител на софтвер банкротира, ги крене цените, го смени производот или одредбите од лиценцата.

Насекаде низ светот, големи организации како што е Националната архива на Австралија, ги префрлаат своите документи во новите слободни формати за да се осигураат дека кон нив ќе можат да пристапуваат секогаш, сега и во иднина. Ги охрабруваме корисниците да ги префрлат своите податоци од неслободните и опасни формати во слободните формати кои сигурно ќе постојат секогаш.