2s.mkBilten03.10

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
  • NSND - Штип

На 20 и 21 Март, во Штип за прв пат надвор од главниот град Скопје, се одржа неформален собир во стилот на „Сподели Знаење“ и NSND. Настанот се одржа во средното училиште „Коле Нехтенин“ каде што Слободен Софтвер реализира повеќе работилници и предавање со различна тематика. Програмата се состоеше од разни активности кои вклучуваа презентации за Слободен Софтвер, Хаклаб-от, NSND, Python, Ruby, GNU/Linux администрирање, Arduino, OTR и други, кои што во најголем дел беа реализирани.

Вториот ден беше организиран мини инстал-фест кој одеше паралелно со Прва Помош Убунту каде што беа инсталирани неколку лап топ компјутери и решени неколку проблеми на истите. Останатиот дел од денот беше искористен за хакирање на Arduino.


  • пајтон хаклаб

Почнувајќи од 11 март 2010 во КИКА почнуваат да се одржуваат „Python вечери @ КИКА“. Настанот е закажан за секој втор четврток од 19 до 21 часот, бидејќи секој друг четврток е резервиран за Ruby meetups.

Целна група за првиот дел од „Python вечерите“ се луѓе кои знаат основи на програмирање, како што се принципи на циклуси, услови, основните дата типови и слично.

Покрај учењето на Python целта е да се формира и група на корисници на Python. Конкурсот за името на групата е отворен.

  • кирија