2s.mkBilten10.09

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Билтен на Слободен софтвер Македонија за октомври 2009

Добредојдовте во октомвриското издание од 2009 на билтенот на Слободен софтвер Македонија. Поради подолгата пауза овој билтен покрива и настани кои се случија изминатото лето.

Започна со работа „КИКА“, првиот хаклаб во Скопје

Извор: Нова Македонија

По долгогодишно планирање конечно оваа есен се создадоа услови и започна со работа првиот хаклаб во Скопје. КИКА (Кика е Информации, Култура, Автономија) е првата технолошка автономна зона - хаклаб, која ќе се користи за промовирање на користењето и развојот на еманципирачки технологии како слободниот софтвер, јавниот, отворен и пристапен интернет и алтернативните медиуми базирани на социјалните мрежи.

Просторот ќе биде дом на повеќе збиднувања поврзани со слободен софтвер и слободна култура, како што е популарното СподелиЗнаење, но и собири и работилници на други групи на корисници. КИКА е отворен простор и секој може да се придружи во активностите или по своја програма да започне некои нови активности. За повеќе информации, можете да се обратите на поштенската листа на КИКА.

За отворањето на хаклабот известија дневниот весник Нова Македонија и фондацијата Метаморфозис.



Ubuntu 9.10

Ubuntu-logo1.jpg

Иако се уште во БЕТА новото издание на Ubuntu, 9.10 или познато под кодното име Karmic Koala функционира беспрекорно. Како и по обичај, во секое шест месечно издание на најпопуларната дистрибуција на GNU/Linux, Canonical ги внесуваат сите најнови верзии на софтвер како за на работната површина така и за серверерска страна.

Places.png

Од поважните компоненти важно е да се напомене дека новото Ubuntu доаѓа со новата верзија на GNOME, 2.28 (се уште поддржува македонски, но не и за долго), нов Linux кернел 2.6.31 (моментално), GRUB2, стандардна инсталација на Ext4 датотечен систем, нов софтвер за менаџмент на пакети наречен Software Center, нов клиент за ИП (инстант пораки) - се работи за долгоочекуваниот empathy клиент кој што поддржува видео/аудио повици преку протоколот Telepathy итн. Веднаш може да се забележи дека оваа верзија на Ubuntu е нуди доста подобрен инстлационен процес и побрзо подигнување и гасење на компјутерот. Доста внимание е поствено на новиот инсталер, како и на првичниот изглед, односно стандардните GTK и GDM теми. Се подигнува брзо, доаѓа со се што може да ви затреба на модерен „десктоп“ компјутер и изгледа добро!

Објавувањето на финалната верзија на Ubuntu 9.10 е закажано за 29ти октомври, а на пољубопитните дотогаш им останува да си поиграат со досега најстабилната БЕТА верзија на оперативниот ситем Ubuntu.

Како и секогаш досега, можете да нарачате бесплатно CD од https://shipit.ubuntu.com или пак да ја превземете соодветната БЕТА верзија за вашата архитектура на http://cdimage.ubuntu.com/daily/current/.

За финалната верзија проверете на http://www.ubuntu.org на 29ти октомври.


Група на корисници на Ruby

Од летото 2009 (или можеби малку порано) во Скопје почна да функционира и групата на корисници на програмскиот јазик Ruby. Групата е отворена за сите кои се занимаваат со платформата Ruby/Rails, како и за почетници кои што сакаат да научат повеќе за оваа развојна околина.

За контакт со групата може да ја посетите нивната поштенска листа или да ги посетите на нивните средби во КИКА кои вообичаено се случуваат во среда од 19 до 21 часот.

Промоција на Mоzilla Firefox 3.5 во Скопје и Куманово

На 07.09.2009 година во Скопје и Куманово се оджра јавна промоција на Mozilla Firefox 3.5. Настанот беше успешно организиран од групата за маркетинг на Mozilla во Македонија. Известување од настанот е достапно на порталот it.com.mk. Фотографии од настанот има на Flickr страницата на Mozilla Македонија

Конференција за слободен софтвер во Косово

Конференција во Приштина, фото: davidbaileymbe

На 29 и 30 август 2009 година во приштина се одржа првата конференција за слободен софтвер на Балканот која имаше регионален и меѓународен карактер. На дводневниот настан, организиран од локалната косовска организација со помош на бројни спонзори од Косово и странство, учествуваа повеќе од 500 луѓе од 16 земји. Настанот беше исполнет со презентации на теми поврзани со слободен софтвер. Покрај вообичаените технички презентации имаше и неколку кои се осврнуваа на општествениот аспект на движењето за слободен софтвер.

Слободен софтвер Македонија учествуваше на конференцијата со две презентации од своите членови. Миша Поповиќ презентираше за проектот на Владата на Р. Македонија за користење на Едубунту во училиштата. Анализата што беше презентирана го претставуваше увидот на заедницата во овие прашања. Новица Наков пак презентираше за растењето и распаѓањето на заедниците за слободен софтвер, пренесувајќи ги досегашните македонски искуства.


Содржината на оваа порака пред сѐ е наменета за новинари и организации со кои соработува Слободен софтвер Македонија, но истата се испраќа до сите оние кои се пријавиле за тоа.

Доколку и вие сакате да ја добивате оваа порака, пишете ни на <info_НА_slobodensoftver.org.mk>.