Arbeitsbesprechung-20120718

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

MOM - Arbeitafsprehnung - Среда 18.07.2012.

Присутни: Игор, Дода, Арангел, Јован, Миша, Дамјан, Алекс

Дневен ред

1. Собирање на членарина

2. Клучеви

3. Хигиена во хаклаб

4. Паркинг

5. Зоолошка

6. Разно


Белешки по дневниот ред

1. Дода ќе испрати потсетник за сите членови кои се пријавиле да плаќаат членарина. Разработена верзија од овој емаил ќе се испраќа секој 10 ден во месецот на тие што немаат платено. Миша треба да го ажурира листот со плаќањата според изводите од банка, пред Дода да го испрати емаилот.

2. Да се ажурира евиденцијата на сите кои поседуваат клуч, ако на некој од членовите му треба клуч да се направи, со поседување на клуч и со обврската да се биде член на хаклабот доаѓа привилегијата дежурство.

3. Хигиената во хаклабот е проблем и тоа горлив, поради недоволна посветеност на членовите, одиме со варијантата да си плаќаме за чистач кој ќе доаѓа 1 неделно и ќе го чисти целиот хаклаб. Миша ќе даде понуда и контакт телефон. Ако има и некој друг слободно нека препорача или остави контакт телефони. Сметката ќе се покрива од месечната кирија.

4. Велосипедите неможе да стојат во самиот хаклаб затоа што зафаќаат значително место, им пречат на членовите слободно да се движат, можат да се повредат луѓето и да се оштетат велосипедите. Сепак во задниот двор постои место за оставање велосипеди, кои заклучени можат да бидат оставени без грижа дека некој ќе ги оштети или украде. Истотака хаклабот не е паркинг за велосипеди, 24 часа во него има луѓе кои работат, доаѓаат посетители и сл.

5. Хаклабот не е место каде што животите можат подолготрајно да живеат и престојуваат. Секако не е ниту зоолошка градина, ниту засолниште за напуштени животни. Во него сепак краткотрајно можат да престојуваат животни кои доаѓаат во придружба на својот заштитник, старател, сопственик.

6. Разно

6.1 Интернет во хаклаб - Имаме понуда од близу да ни дадат 20mbit/s dl, 1 mbit/s ul, со телефонски број и дигитална телевизија. Моментално тоа е инсталирано во хаклабот и имаме тест период од 1 месец, до 1 септември да се изјасниме дали ни се допаѓа понудат или не. Условот да го користиме понатаму интернетот е да blizoo биде екслузивен провајдер на интернет во КИКА (тоа значи на блогот да го има логото на близу, да се тргне логото на телекабел, во јавноста да се кажува дека близу ни овозможува интернет). Тука имаме две опции за кои разговаравме. - да им отидеме на 1 септември на близу да им кажеме дека сме задоволни од интернетот но дека од принципиелни причини ни е неприфатлив условот за екслузивност и да дојдат да си ја земат опремата. Истото на пример не би им го направиле на близу, ако по 5 месеци дојде телеком и понуди 50/50 mbit/sec. Тоа не би бил фер нели? Но и концептот на хакалбот е да има цевки од повеќе од еден, два и три провајдери кои ќе ги вмрежиме, ќе вежбаме и ќе правим некакви load balance-ирање и сл. Концептот на peer-инг помеѓу провајдери например е поблизок до она што сакаме да го правиме, отколку да бидеме само конзументи на нивните услуги и сл. - да има отидеме на 1 септември на близу и на телекабел и да им предложиме близу да биде снабдувач на хакалбот со интернет, а телекабел да биде снабдувач на интернетот за radio.spodeli.org. логото на близу да биде на blog.spodeli.org, а на телекабел на radio.spodeli.org. Интернот ние да имаме load balance-инг помеѓу двата провајдера. Поради недостаток на заинтересирани луѓе што присувствуваа, но можеби и летните одмори ова е го продускутираме на следниот состанок.

6.2 Домашно воспитување и примерно поведение. Имаше забелешка од стана на Арангел, дека нивното на домашно воспитување и примерно поведение е ниско. Се остава ѓубре, не се средува хаклабот, не се чува инвентарот и јавната сопственост за која сите ние ја делиме одговорноста и ни припаѓа сите нам.

Скопје, 21.07.2012