BSD

Од Сподели wiki
Преработка од 20:01, 23 мај 2007; направена од Admin (разговор | придонеси)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Системската дистрибуција од Беркли, наречена уште и Berkley Unix, е дериват на оперативниот систем Unix создадена од Универзитетот на Калифорниа, во Беркли од 1970г. Името исто така се користи и за групата на потомци од поново време на тие дистрибуции.

BSD е една од неколкуте гранки на Unix оперативниот систем. Друга гранка е и Unix System V, развиена од AT&T лабораториите за развој на софтвер. Третата гранка е составена од GNU/Linux оперативниот систем кој е клон на Unix со примеси на System V и BSD.

BSD денеска може да се препознае како верзија на Unix која се користи кај системите за работни станици. Ова може да е поврзано и со можноста да овој систем лесно се лиценцира како и „блискоста“ на овој систем со развивачите и администраторите на компјутерски мрежи од 80тите години на минатиот век. Оваа популарност доаѓа од искористувањете на слични системи како DEC-овиот Ultrix и SunOS од Sun Microsystems за време на нивното создавање. Додека BSD беше на големо заменет со System V верзијата 4 и други слични системи, во 1990тите многу популарни станаа слободните алтернативи и дистрибуции кои се клонови на Unix системот, како што е на пример GNU/Linux кои имаат голем степен на искористеност и развој.