BSD

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Предлошка:Infobox OS BSD - Berkeley Software Distribution, системската дистрибуција од Беркли, наречена уште и Berkley Unix, е дериват на оперативниот систем Unix создадена од Универзитетот на Калифорнија, во Беркли од 1970г. Името исто така се користи и за групата на потомци од поново време на тие дистрибуции.

BSD е една од неколкуте гранки на Unix оперативниот систем. Друга гранка е и Unix System V, развиена од AT&T лабораториите за развој на софтвер. Третата гранка е составена од GNU/Linux оперативниот систем кој е клон на Unix со примеси на System V и BSD.

BSD денеска може да се препознае како верзија на Unix која се користи кај системите за работни станици. Ова може да е поврзано и со можноста да овој систем лесно се лиценцира како и „блискоста“ на овој систем со развивачите и администраторите на компјутерски мрежи од 80тите години на минатиот век. Оваа популарност доаѓа од искористувањете на слични системи како DEC-овиот Ultrix и SunOS од Sun Microsystems за време на нивното создавање. Додека BSD беше на големо заменет со System V верзијата 4 и други слични системи, во 1990тите многу популарни станаа слободните алтернативи и дистрибуции кои се клонови на Unix системот, како што е на пример GNU/Linux кои имаат голем степен на искористеност и развој.

Кратка историја

Најраните дистрибуции на Unix од лабараториите на Bell во 70тите вклучуваа и изворен код од оперативниот систем, дозволувајќи проучувачите од универзитетот да го менуваат и подобруваат самиот систем. Првиот Unix систем на Беркли беше PDP-11 инсталиран во 1974г. кој одделот за компјутерска наука екстензивно го користеше за научни проучувачки потреби.

Потоа се заинтересираа и други универзитети за софтверот на Беркли, па така во 1977 Били Џој, покасно и дипломиран студент на Беркли, ја склопи и ја пушти во употреба (на касетни медиуми) првата дистрибуција на софтвер од Беркли,

Втората BSD верзија излезе во 1978г. (со име 2BSD), а понатаму следуваа верзиите 2.9BSD, 4.1cBSD итн.

Потоа беше инсталиран VAX компјутер на Беркли во 1978г но портот на Unix за VAX архитектурата, UNIX/32V, не ги користеше максимално предностите на виртуелната меморија на VAX. Кернелот на 32V беше речиси целосно препишан од студентите на Беркли кој вклучуваше и имплементација за виртуелна меморија и комплетен оперативен систем со нов кернел, портови на 2BSD алатките за VAX, како и алатките од 32V издадени како 3BSD на крајот од 1979. 3BSD алтернативно беше наречен и Virtual VAX/UNIX или VMUNIX (за Virtual Memory Unix). BSD сликите за јадрото беа нарекувани /vmunix се до 4.4BSD.