Base

Од Сподели wiki
Преработка од 17:28, 29 јануари 2011; направена од Admin (разговор | придонеси) (2 ревизии: initial)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

OpenOffice.org Base е апликација која е дел од канцеларискиот пакети OpenOffice.org и преку која може да се создаваат, уредуваат и користат разни типови на бази на податоци, како и да се прилагодуваат табели, типови на податоци, вредности внесени во базата итн.

Извор на податоци или база на податоци е колекција на информации во која може да се пристапи или да се работи со неа преку OpenOffice.org. На пример список на имиња и адреси е извор на податоци што може да се искористи при правење циркуларни писма.

Список на залихи во еден магацин може да биде извор на податоци кој може да се уредува со OpenOffice.org.

Забелешка: OpenOffice.org ги користи термините „Извор на податоци“ и „База на податоци“ за исто нешто, што може да биде база на податоци како на пример MySQL или dBase или табеларна пресметка или текстуален документ со податоци.

База на податоци во OpenOffice.org бара Sun’s Java JRE. Ако го немате инсталирано на вашиот компјутер, преземете го од www.java.com и инсталирајте го според упатствата на сајтот. Во OpenOffice.org, кликнете Алатки > Опции > OpenOffice.org > Java за да го регистрирате Java.

Врски