Bilten 02.08

Од Сподели wiki
Преработка од 17:28, 29 јануари 2011; направена од Admin (разговор | придонеси) (22 ревизии: initial)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
   конечна верзија: http://slobodensoftver.org.mk/vesti/bilten_02_2008

Кампања за берење донации за проектор

Слободен софтвер Македонија, како дел од своите активности во агендата за работа покрај промоцијата на слободен софтвер и целата филозофија зад ова движење и технологија, ја има зацртано и промоцијата на слободна култура. За таа цел минатата година во голема мера беше промовирана и реализирана иницијативата „Сподели Кино“ на која се споделуваат видео материјали со слободна лиценца, најчесто материјали лиценцирани според Creative Commons моделот. За остварувањето на оваа идеја, „Слободен софтвер Македонија“ често позајмуваше опрема од други лица, конкретно видео проектор за користење на настаните „Сподели Кино“ и „Сподели знаење“. Но, по првата сезона на иницијативата „Сподели“, настанаа проблеми кои произлегоа поради немањето на проектор за задоволување на потребите на организацијата. Затоа „Слободен софтвер Македонија“ се одлучи да организира акција за донирање на средства кои ќе бидат наменети за купување на проектор.

Доколку сите кои се потпишаа дека ќе донираат средства за проектор го сторат тоа, буџетот ќе може да го поднесе трошокот за овој уред. Доколку и Вие сакате да донирате средства, тоа можете да го сторите со пополнување на налог за плаќање како што е прикажано на овде. Ако веќе сте донирале, тогаш уште еднаш Ви се заблагодаруваме.

Истовремено ја поздравуваме идејата на Игор Мишевски кој како индивидуалец пројави желба да и се заблагодари на заедницата на слободен софтвер од нашата земја преку донација на опрема, и тоа повеќе-функционален печатач/скенер за потребите на нашата организација. Ги повикуваме сите останати корисници на слободен софтвер да ја поддржат нашата работа преку слични чинови.

Состаноци на Лугола

Групата на корисници на GNU/Linux од Битола од почетокот на 200 8г. претрпе мали измени. Така, овој месец почна повторно да одржува редовни состаноци, секоја недела во 18.00ч. во канцелариите на Лугола. Со тоа се надеваме дека тие корисници кои се нови и кои се интересираат за проблематиките што ги решава Лугола ќе може да ги запознаеме на групен состанок во недела.

http://www.lugola.net/

Објавено одржување на ДФД

Денот на слободни документи (DFD) е глобален ден за „ослободување“ на документите со масовна поддршка за промоција на форматите на слободни документи и отворените стандарди.

DFD е инициран и поддржан од група организации и компании, а оваа година симболично ќе биде одбележано и во нашата земја од Слободен софтвер Македонија и групите за корисници на GNU/Linux од нашата земја. Денот на слободни документи (26 март 2008.) има за цел организирање јавни собири каде ќе се стави акцент на слободните формати и отворените стандарди и важноста од нивно искористување насекаде во светот. Секој пријавен треба да добие знаме, маичка, летоци и беџеви во првите недели на месец март до координаторите на првите 100 тимови кои ќе се пријават.

http://documentfreedom.org/

GNOME 2.22 повторно целосно преведен на македонски

Благодарение на тимот за локализација на GNOME и скромниот придонес од поединци од заедницата, повторно имаме целосно преведен GNOME на македонски јазик. Моментално преостанува да се долокализира Anjuta врз која што активно се работи. Доколку има некој друг желба да помогне околу ова нека се пријави кај координаторот на локализацијата на GNOME. Помошта е секогаш добредојдена, а за оваа верзија посебно за тестирањето на преводите.

Македонскиот тим работи и на интегрирање на преводите од GNOME 2.22 во новата верзи ја на Ubuntu Linux (Hardy Heron).