Dpkg

Од Сподели wiki
Преработка од 17:28, 29 јануари 2011; направена од Admin (разговор | придонеси) (4 ревизии: initial)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на: содржини, барај

Вовед

Dpkg (скратено за Debian Package) е основата на менаџментот со пакети кај Debian системите. Создаден е од Ian Jackson во 1993г. Dpkg е сличен со програмата за инсталација на Rpm (rpm), и се користи за инсталирање, отстранување на пакети како и листање на информации за Deb пакети.

Dpkg по себе е алатка од ниско ниво; интерфејси од високо ниво како APT се користат за симнување пакети од оддалечени сервери и решавање на зависностите кои постојат меѓу нив.

Пакетот за Debian dpkg ја инсталира програмата dpkg:

 $ dpkg
dpkg: need an action option

Type dpkg --help for help about installing and deinstalling packages [*];
Use `dselect' or `aptitude' for user-friendly package management;
Type dpkg -Dhelp for a list of dpkg debug flag values;
Type dpkg --force-help for a list of forcing options;
Type dpkg-deb --help for help about manipulating *.deb files;
Type dpkg --license for copyright license and lack of warranty (GNU GPL) [*].

Options marked [*] produce a lot of output - pipe it through `less' or `more' !

Исто така овој пакет содржи многу други помошни програми како што се, dpkg-reconfigure, dpkg-buildpackage, dpkg-scanpackages итн. API-то од оваа апликација може да се користи ако се инсталира пакетот dpkg-dev.

Создавање на deb пакети

Deb пакетите најчесто се прават со повикување на програмата dpkg-buildpackage, која чита од неколку конфигурациони датотеки и решава на кој начин да го изгради пакетот. Овие датотеки се лоцирани во дрвото на датотечниот систем на Debian.

Конфигурациони датотеки

Има четири задолжителни датотеки кои треба да се конфигурираат. Датотеката за авторски права ги содржи начините според кои пакетот е лиценциран. Контролната датотека го содржи името на пакетот, опис и зависности од други пакети. Датотеката со правила е Makefile каде се испишани правилата за градење на пакетот. Програмите од комплетот debhelper често се повикуваат во датотеката со правила.Најголемиот број пакети исто така вклучуваат и други датотеки за одредени потреби и можности.

Штом Debian пакетот е направен, може да биде проверен за евентуално постоење на грешки со користење на алатката lintian.

dpkg алатки

Debian има серија алатки кои се повикуваат за креирање на пакет. Тие се:

  • dpkg-source пакува и одпакува Debian пакети за датотеки со изворен код
  • dpkg-deb пакува и одпакува пакети со бинарни датотеки
  • dpkg-gencontrol чита информации од неотпакуваното Debian изворно дрво и генерира бинарен контролен пакет, како и создава и негова датотека во Debian/files директориумот
  • dpkg-shlibdeps ги пресметува зависностите во однос и на потребните библиотеки
  • dpkg-genchanges чита информации од неотпакуваното Debian изворно дрво код кое кога креирано креира контролна датотека (.changes)
  • dpkg-buildpackage е контролна скрипта која се користи за конструирање на пакет автоматски
  • dpkg-distaddfile додава влез за датотеки во Debian/files директориумот
  • dpkg-parsechangelog ја чита датотеката со измени (changelog) на неотпакуваното Debian изворно дрво и прикажува јасна информација за тие промени

Врски

Dpkg, официјална страна

Често поставувани прашања за пакет менаџментот во Debian