Elisa медиа центар

Од Сподели wiki
Преработка од 18:28, 29 јануари 2011; направена од Admin (разговор | придонеси) (5 ревизии: initial)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Главното мени

Elisa е проект спонзориран од компанијата Fluendo како замена за повеќето не-слободни медија центри. Elisa е во фаза на активен развој што не ја прави 100% стабилна, но поголемиот дел од времето работи супер. Се базира врз GStreamer медија опкружувањето, секако спонзорирано од Fluendo. Elisa е напишана во Python програмскиот јазик.

Способности

Сега за сега Elisa може да ги врши повеќето очекувани работи од еден современ медија центар. Моментално постојат 5 менија:

  • Слики (прегледување на слики)
  • Музика (слушање на музика)
  • Филмови (гледање на филмови)
  • DVD (гледање на DVD филмови)
  • Сервиси (место за подесувања, како и за разни додатоци на пр. за време)

Сите менија, и всушност целата графика во Elisa е OpenGL забрзана со прекрасни анимации, кое е бенефицијално за уживањето на корисникот.

Во Elisa има поддршка и за LIrc.

Слики

Elisa ги поддржува сите познати формати на слики: PNG, JPEG, GIF, TIFF, SVG, XPM. Исто така може и да прави слајд-шоу од сите слики со добри ефекти на транзиција.

Музика

Музика може да се слуша и од вашиот хард диск, но и интернет радио преку Last.FM. Додека слушате музика, песните кои сте ги слушале автоматски се праќаат на Last.FM сервисот.

Мени за пуштање-паузирање...

Во Elisa може да се слушаат сите видови на музички формати кои ги поддржува GStreamer медија опкружувањето. Најчесто на речиси сите GNU/Linux дистрибуции GStreamer може да пушта по дифолт Ogg Vorbis, Speex, FLAC.

Моментално нема поддршка за слики од опаковката на албумите, ниту пак за плејлисти.

Има поддршка за визуализации преку GStreamer.

Филмови

Elisa ги пушта сите формати на филмови кои ги поддржува GStreamer опкружувањето, сеако. Речиси секоја GNU/Linux дистрибуција може да ги пушта отворените видео формати по дифолт како Ogg Theora.

Видео на Elisa. Elephants Dream

DVD

Elisa по дифолт пушта DVD филмови. Моментално DVD менија не се поддржани.

Врски