Fedora Core

Од Сподели wiki
Преработка од 13:54, 15 мај 2006; направена од Арангел Ангов (разговор)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Fedoralogo.png

Fedora Core 5

Fedora Core е дистрибуција базирана на RPM развивана од страна на проектот Fedora и спонзорирана од Red Hat. Името доаѓа од капата карактеристична за "Shadowman" (човекот со црвената капа) на оригиналното лого на Red Hat.

Fedora цели кон комплетен оперативен систем за општа употреба составен само од слободен софтвер и софтвер со отворен код. Fedora е дизајнирана за биде инсталирана и конфигурирана со едноставен графички инсталер и пакетот од алатки system-config. Пакетите и нивните зависности можат многу лесно да се преземат и да се инсталираат со алатката yum. Нови изданија на Fedora излегуваат на секои 6 до 8 месеци.

Името Fedora Core ги разликува пакетите во Fedora од оние во Fedora Extras, кои што служат како додатни пакети за Fedora Core.

Fedora е дериват на оригиналните Red Hat дистрибуции. Проектот е создаден со цел да се подобри искуството за домашните корисници како и да се заменат бесплатните верзии на Red Hat Linux. Поддршката за Fedora доаѓа од голема заедница (иако на неа работат и вработени во Red Hat, Red Hat не нуди никаква официјална поддршка за Fedora).