Google OOXML QA

Од Сподели wiki
Преработка од 17:29, 29 јануари 2011; направена од Admin (разговор | придонеси) (3 ревизии: initial)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Позицијата на Google за OOXML како предлог за ISO-стандард

Вовед

Google е загрижен за потенцијалното прифаќање на форматот Open XML (OOXML) на Microsoft Office како ISO-стандард. Google ги поддржува отворените стандари и форматот на отворени документи (Open Document Format, ODF), постоен ISO-стандард кој веќе престатува поттикнувач за иновации. Не мислиме дека е корисно да се воведе алтернативен стандард кога форматот на отворени документи (ODF) веќе соодветствува на дефиницијата на отворен стандард, има одобрување од ISO и се користи нашироко во светот. Загриженоста на Google за OOXML вклучува, но не е ограничена на:

  • Ограничувањата во отвореноста на форматот OOXML;
  • Недостатокот на соодветна анализа во споредба со останатите ISO-стандарди;
  • Продолжителната употреба на бинарен код поврзан со карактеристики што се платформски зависни;
  • Нејасните услови за лиценцирање за трети лица што би го применувале стандардот.

Следува листа од прашања и одговори за да се дообјасни позицијата на Google за стандардизирањето на OOXML во ISO.

Нели е добро да има повеќе стандарди? Ги имаме PDF и HTML, па зошто не и ODF и OOXML?

Имањето повеќе стандарди е добро, но само ако се дизајнирани да решаваат различни проблеми. HTML е многу едноставен јазик со ознаки дизајниран за исцртување (прикажување?) во прелистувачи, додека PDF е формат само за прикажување кој е дизајниран за печатење со висока верност. ODF и OOXML се дизајнирани како формати за документи што може да се уредуваат. Како такви, тие се однесуваат на истиот проблем и скоро целосно се преклопуваат. Актуелната состојба на форматите на датотеки за документи што може да се уредуваат го прави тежок животот на потрошувачите и производителите на софтвер за канцелариска продуктивност и претставува катастрофа (looming disaster?) за трајното складирање на документи. Имањето два взаемно некомпатибилни формати за документи што може да се уредуваат ќе овозможи тековната состојба на не-интероперабилност да продолжи.

Microsoft аргументира дека OOXML е нешто добро бидејќи им дава избор на потрошувачите и производителите. Имањето некомпатибилни стандарди е лошо за изборот на потрошувачите, како што открија купувачите на видеорекордерите Betamax, на нивна сметка. Повеќекратните имплементации на еден стандард се добри и за индустријата и за потрошувачите.

Ако Microsoft сака да креира формат на документи што може подобро да се справи со проблемите на многуте стари документи креирани со нивните сопственички формати, Google ги поканува да помогнат да се прошири постојниот ISO-standard ODF, така што ќе ги додадат способностите што им се потребни. Овозможувањето OOXML да стане паралелен ISO-стандард ќе ја пропагира тековната ситуација со старите формати во нешто што би требало да биде решение на проблемите со трајното скадирање документи.

OOXML е перфектно добар ISO-стандард. Дали не се ова само жалби и поплаки од другите производители?

При развивањето стандарди, како и во другите инжинерски процеси, лоша идеја е повторно да се измислува тркалото. Спецификацијата за стандардизирање на OOXML има 6546 страници. Стандардот ODF, кој ја постигнува истата цел, има само 867 страници. Причината за ова е што ODF користи веќе постојни ISO-стандарди за спецификација на датуми, означување математички формули и разни други потреби на еден стандард за формат за канцелариски документи. OOXML измислува сопствени верзии на овие стандарди, што е непотребно и го комплицира финалниот стандард.

Ако организацијата ISO направи прегледување на OOXML, со неговите 6546 страници, со исто ниво како што било правено на другите стандарди, ќе бидат потребни 18 години (6576 дена за 6546 страници) за да се постигне истото ниво на прегледување што беше применето на постојниот стандард ODF (871 дена за 867 страници). Ова е добра споредба бидејќи двата стандарди служат за истата намена.

Со оглед на тоа што OOXML има поминато само 5.5% од прегледувањето што го имале другите стандарди, не зачудуваат извештаите за неконзистентности, контрадикции и информации што недостасуваат.

Нели е овој стандард потребен заради поддршка на милионите постојни документи од Microsoft Office?

OOXML е сосема нов формат, различен од постојните .DOC, .XLS и .PPT формати што се користат од Microsoft Office. За да се премине на XML-базиран формат, овие документи ќе треба да се трансформираат во секој случај. Во моментов на интернет нема раширена употреба на документи во форматот OOXML. Пребројувајќи ги документите преку веб-пребарувања за разни типови документи, доминираат старите формати на Microsoft Office, но вториот најкористен формат е постојниот ISO-стандард ODF. Бидејќи е трансформацијата потребна во секој случај, подобро е документите да се конвертираат во постојниот стандард ODF.

Освен тоа, ако е OOXML потребен за верна конверзија на старите документи во XML-формат, тој треба да ја содржи комплетната спецификација на овие постари формати на документи. Без ова, OOXML би бил некомплетен во неговите описи за ISO-стандард. Во описите на OOXML не постојат спецификации за постарите формати на документи и поради тоа е лажен секој аргумент дека е OOXML потребен за нивната правилна трансформација. Таквите стари документи може исто толку лесно да се трансформираат во ODF (што може да се види од начинот на кој некои од постојните имплементации на ODF ракуваат со старите датотечни формати на Microsoft Office)

Нели OOXML веќе има широка поддршка од индустријата?

Многу компании објавија дека ќе го поддржат OOXML, а неколку објавија софтвери за трансформација на новите формати. Ова е за очекување, бидејќи Microsoft е голем производител во сферата на софтвери за канцелариска автоматизација. Поддршката од индустријата не прави добар ISO-стандард, иако е од помош. Она што е поважно за добар интероперабилен стандард се повеќе имплементации. ODF е тука во подобра позиција, со околу дванаесет различни софтверски имплементации што може да читаат и запишуваат ODF-датотеки (инфо. од wikipedia). Повеќето од имплементациите на OOXML се од партнерите на Microsoft кои имаат договорни спогодби да имплементираат софтвер за OOXML. Повеќекратните независни имплементации би помогнале стандардот побрзо да созрее и да стане покорисен за неговите корисници. Со тоа би се поттикнал поширок опсег на избори на софтвер, со различни модели на лиценцирање, што ќе овозможи да се креираат и избираат продукти кои во исто време ќе се придржуваат на ISO-стандардот.

Нели OOXML може да се примени без последици од кој било?

Заб. Овој дел не е правен совет од Google (ниту од оваа веб-страница). За целосна анализа на условите за лиценцирање на OOXML, консултирајте се со правник.

Microsoft понуди ветување за отворена спецификација (Open Specification Promise) за OOXML, за кое тие тврдат дека ги покрива имплементациите на стандардот од трети лица. Погледајте на http://www.microsoft.com/interop/osp/default.mspx. Постои значителна правна неизвесност за опфатот на ова ветување, кое најверојатно ја покрива само конкретната верзија на тековно објавената спецификација, но не и идните ревизии или подобрувања. Правната неизвесност околу опфатот на оваа лиценца укажува на неисправноста на прифаќањето на OOXML како ISO-стандард. Постојниот ISO-стандард ODF е опфатен од „Изјавата за патенти за OpenDocument“, дадена од Sun, која нема проблеми со ваквите прашања, Погледајте на http://www.oasis-open.org/committees/office/ipr.php.

-- Преземено од http://www.odfalliance.org/resources/Google%20XML%20Q%20%20A%20(2).pdf