K3b

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Главниот прозорец на K3b

K3b (KDE Burn, Baby, Burn!) е слободен софтвер за снимање на CD и DVD дискови под GNU/Linux и други Unix-оидни оперативни системи и е дизајниран за работната околина KDE. Како што е и со повеќето KDE апликации, K3b е напишан во програмскиот јазик C++ и користи Qt и тулкит за графичкиот интерфејс, како и стандардните развојни бибилиотеки на KDE.

Обезбедува графички интерфејс на корисникот за изведување на повеќето задачи за снимање на CD/DVD, како што е снимање на аудио CD од аудио датотеки или копирање на CD/DVD како и понапредните задачи како што се снимање на eMovix CD/DVD дискови. Исто така, може да извршува и диск-на-диск копии. Апликацијата има многу почетни поставувања кои може да се изменуваат од страна на поискусните корисници. Всушност, вистинското снимање на дисковите во K3b се извршува од страна на додатни алатки кои работат под командна конзола како што се cdrecord, cdrdao и growisofs. Од верзија 1.0, K3b во себе има вградено карактеристика за рипување на DVD дискови.

K3b е прогласен за мултимедијална апликација на годината (2006) од страна на LinuxQuestions.

Врски

Веб сајтот на K3b Прирачникот за K3b (pdf) Како да снимате CD со повеќе сесии во Linux користејќи го K3b (англиски)