Kanotix

Од Сподели wiki
Преработка од 18:08, 4 мај 2006; направена од Admin (разговор | придонеси)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на: содржини, барај

Здраво за Канотикс Линукс

Канотикс Линукс е систем кој е релативно млад во споредба со другите системи. Инициран и првично развиван е од младиот германец Jörg Schirottke (на irc.freenode.org познат како Kano), кој ги увиде недостатоците на Кнопикс Линукс по што пројави желба да го направи подобар. На крајот излезе сосема нов систем, базиран на Дебиан кој се вика Канотикс Линукс (Kanotix Linux).

Во ова упатство ќе можете да прочитате како да инсталирате Канотикс на вашиот систем, и како да му ги зададете првичните подесувања за нормално работење на истиот.

Потребно за инсталација

Потребна ви е ISO слика која ќе ја изрежете на ЦД. Симнете ја од овде. Режете ја на разумна брзина, со цел да не се појават грешки при активирањето на системот или инсталацијата на истиот.

Канотикс е дистрибуција која може да се активира од ЦД (Жива/Live дистрибуција), или да се инсталира (ова подразбира прво активирање од ЦД). За да го натерате компјутерот системот да го активира од ЦД Уредот, подесете го BIOS-от да првичен уред каде BIOS-от ќе бара систем е ЦД уредот кој ќе го користите за инсталација (ако не знаете како, консултирајте се со сервисерите од каде што сте го набавиле компјутерот).

Ставете го ЦД-то во уредот. На самиот старт треба да се појави мени за избор (GRUB) како на сликата: