Kanotix

Од Сподели wiki
Прејди на: содржини, барај

Здраво за Канотикс Линукс

Канотикс Линукс е систем кој е релативно млад во споредба со другите системи. Инициран и првично развиван е од младиот германец Jörg Schirottke (на irc.freenode.org познат како Kano), кој ги увиде недостатоците на Кнопикс Линукс по што пројави желба да го направи подобар. На крајот излезе сосема нов систем, базиран на Дебиан кој се вика Канотикс Линукс (Kanotix Linux).

Во ова упатство ќе можете да прочитате како да инсталирате Канотикс на вашиот систем, и како да му ги зададете првичните подесувања за нормално работење на истиот.

Потребно за инсталација

Потребна ви е ISO слика која ќе ја изрежете на ЦД. Симнете ја од овде. Режете ја на разумна брзина, со цел да не се појават грешки при активирањето на системот или инсталацијата на истиот.

Канотикс е дистрибуција која може да се активира од ЦД (Жива/Live дистрибуција), или да се инсталира (ова подразбира прво активирање од ЦД). За да го натерате компјутерот системот да го активира од ЦД Уредот, подесете го BIOS-от да првичен уред каде BIOS-от ќе бара систем е ЦД уредот кој ќе го користите за инсталација (ако не знаете како, консултирајте се со сервисерите од каде што сте го набавиле компјутерот).

Ставете го ЦД-то во уредот. На самиот старт треба да се појави мени за избор (GRUB) како на сликата:

Kanotix grub.png

Канотикс Линукс е систем кој е релативно млад во споредба со другите системи. Инициран и првично развиван е од младиот германец Jörg Schirottke (на irc.freenode.org познат како Kano), кој ги увиде недостатоците на Кнопикс Линукс по што пројави желба да го направи подобар. На крајот излезе сосема нов систем, базиран на Дебиан кој се вика [Линукс] (Kanotix Linux).

Во ова упатство ќе можете да прочитате како да инсталирате Канотикс на вашиот систем, и како да му ги зададете првичните подесувања за нормално работење на истиот.

Потребно за инсталација

Потребна ви е ISO слика која ќе ја изрежете на ЦД. [ја од овде]. Режете ја на разумна брзина, со цел да не се појават грешки при активирањето на системот или инсталацијата на истиот.

Канотикс е дистрибуција која може да се активира од ЦД (Жива/Live дистрибуција), или да се инсталира (ова подразбира прво активирање од ЦД). За да го натерате компјутерот системот да го активира од ЦД Уредот, подесете го BIOS-от да првичен уред каде BIOS-от ќе бара систем е ЦД уредот кој ќе го користите за инсталација (ако не знаете како, консултирајте се со сервисерите од каде што сте го набавиле компјутерот).

Ставете го ЦД-то во уредот. На самиот старт треба да се појави мени за избор (GRUB) како на сликата:

Инсталации:kanotix grub.png?400x200

Ако сакате на германски, го избирате првиот елемент од менито, за англиски изберете "ACPI On DMA On - English".

Првично подигнување на Канотикс

Системот треба да се активира, треба да го препознае најголемиот дел од хардверот што го имате. Доколку наидете на проблем, обидете се да пребарате решение во [на Канотикс], или консултирајте се со членовите на Лугола.

Ќе се отвори работна околина како на сликата:

Инсталации:kanotix first.png?400x200

Долу лево во ќошот, втората икона (со рипката), е мени со можности за конфигурирање на системот. Повеќето од можностите на менито не ви требаат сега. Сега ви треба само Kanotix Installer. Најбитно, пред се, и строго препорачано е да имате веќе креирана партиција на која ќе инсталирате Канотикс. Сите постапки од тука натаму не се на наша одговорност. Ако изгубите податоци, не превземаме вина. Препорачани можности за креирање партиции се:

  • првото цд (или двд-то) од Мандрива Линукс;
  • Partition Magic - за Виндоус;
  • Qt Parted - доаѓа со инсталерот на Канотикс но не е многу ефикасна и безбедна алатка;
  • Gparted - доаѓа на живо Убунту или Гном CD;

За тоа како да креирате Партиции за Линукс систем ќе објавиме дополнителна содржина за скоро.

Препорачливо е да креирате reiserfs партиција. Следете го „Волшебникот“ (Wizard-от), кој лесно ќе ве доведе до крајниот чекор на инсталацијата. Изберете да се инсталира GRUB на MBR (Master Boot Record). GRUB е покренувач (booter) на системот кој ќе ви даде можност да изберете кој систем сакате да го активирате (ако имате повеќе од 1). Важно: При одредувањето на корисници и лозинки ставете лозинки за root и за обичниот корисник подолги од 6 карактери, и по можност комбинација од алфа-нумерички знаци (букви+бројки). Следете го процесот на инсталација. Ова е краток процес, на солидна конфигурација ќе заврши за нешто помалку од 15 минути.

Доколку при инсталацијата се појават пораки за грешка обидете се да го следите предложеното решение (прикажано во пораката), побарајте решение на Викито на Канотикс или обратете се до нас, во спротивен случај (ако нема грешки) рестартирајте го компјутерот. Ако сте направиле претходно измени во BIOS-от, повратете ги на стандардните вредности, системот треба да се активира од дискот. GRUB ќе ве праша што да активира. За Канотикс изберете го првиот или вториот елемент од менито.

Системот ќе се активира, сосема идентичен на изглед како и од Живата Дистрибуција, но далеку побрзо бидејќи сите операции не се одвиваат во РАМ и преку меморијата.

Првични подесувања на Канотикс Линукс

Што најпрво правам јас откако ќе го инсталирам Канотикс на мојот компјутер? Следните неколку работи.

Функционална работна околина

Единечниот клик на глувчето може да нервира некои корисници, речиси сите се навикнати на двоен клик, па затоа тоа ќе го вратиме во можност за активирање на апликациите и кликање врз иконите со двоен клик. Кликнете врз КМени-то (некои сакаат упорно тоа да го нарекуваат „Старт“ како во Windows). Изберете „Control Center“. Одете во Peripherals па во Mouse. Во секцијата Icons, чекирајте го Double-click to open files and folders. Кликнете Apply. Готово

UTF-8 поддршка

Инсталирам [поддршка].

Ажурирање на целиот систем

Ажурирање според упатствата дадени од Канотикс тимот. Канотикс е Дебиан базиран систем. Важат истите правилата и начин на кој тој се справува со пакети, зависности (dependencies) од други пакети и инсталирање на софтвер од трет вид (third-party), исто како и за Кнопикс, Убунту, Кубунту или //чистиот// Дебиан.

Отворете (вашата најсакана) козола, и пишете:

 # su 
 # apt-get remove --purge hal pptpd dbus-1 dbus

Потоа, исто под root режим (сите следни команди извршувајте ги како root), пишете:

 # apt-get install kanotix-keyrings
 # gpg --keyserver wwwkeys.eu.pgp.net --recv-keys 1F41B907 && apt-key add /root/.gnupg/pubring.gpg
 

Со ова инсталиравме keyrings (не знам превод) и други „клучеви за автентичност“ од дистрибутерите на пакети за Канотикс. Тоа значи дека тие од каде што ги симнувате пакетите ви гарантираат за нивната валидност и „квалитет“ (сепак се работи за слободен софтвер и не се знае кој какви пакети прави, но 99.9% се работи за квалитетни бинарни пакети).

 # apt-get update

треба да се ажурираат листите со новите пакети (но не и целиот систем, тоа ќе го направиме следно), откако претходниов процес ќе заврши:

 # apt-get dist-upgrade

веројатно ќе се случат две работи:

 * ќе се појави листа со многу пакети. Одберете Y (yes), со што ќе се сложите сите нови пакети да се симнат и инсталираат на вашиот систем;
 * откако претходното ќе е исполнето, ќе се појават многу грешки кои ќе ви укажат на тоа дека некој пакет направи грешка поради нерешена зависност. Тоа ќе го решите доколку неколку пати со ред (додека јавува грешка), ги напишете овие команди:
 # apt-get install -f
 # apt-get dist-upgrade

Следува инсталирање на новите верзии на hal и dbus, кои ако не сте искусен корисник...не ве интересира, ако сте поискусен...знаете што се:

 # apt-get install hal dbus
 # fix-fonts

По што целиот систем ќе е ажуриран. Останува уште да инсталирате и нов кернел:

 * симнете ја последната верзија од [Линукс Кернелот];
 * одете во конзола и како root пишете:
 # unzip kernel-kanotix-current.zip -d kernel
 # cd kernel
 # ./install-kernel-kanotix
 # dpkg -i *modules*.deb
 

Рестартирајте го Канотикс, по што во GRUB менито ќе имате уште еден нов елемент со новиот Кернел. Изберете го него за активирање.

Уште малку со конзолата...

 # su
 # update-modules
 

Инсталирање на драјвери за графички картици

Најчесто се користат ATI и NVidia картици денес. Ако имате Интел или друга картичка, веројатно Канотикс ви го презентира најдоброто што може. Ако имате ATI или NVidia пак, следете ги кратките чекори за инсталирање на нови драјвери:

Одлогирајте се од графички мод, Ctrl+Alt+F1, логирајте се и пишете

 # init 3

За ATI:

 # install-fglrx-debian.sh

За NVidia:

 # install-nvidia-debian.sh

Некогаш за ATI потребно е да се додаде аргументот -r на командата "install-fglrx-debian.sh", како на пример кај мене. По ова, ако вашата картица/чипсет е поддржана, имате 3D акцелерација, пуштете Tux Racer и досаѓајте се.

Мрежни подесувања

Неколку работи кои треба да ги знаете пред да воспоставите интернет врска преку Канотикс.

 * тип на врската; адсл/кабелски/безжичен;
 * податоци за врската; корисничко име (ако има)/лозинка, IP адреси, DHCP сервери, DNS сервери;
 

Ако користите PPPoE (PPP Over Ethernet) врска, може да го искористите [од Јован], ако имате чиста Ethernet врска (со статична LAN IP адреса), тогаш го правите ова:

 # sux
 # netcardconfig

Ги пополнувате вредностите кои претходно ви укажав да ги дознаете. Некога е потребно да го рестартирате цел систем за да се восприемат податоците (колку и да звучи глупаво).

Сите овие команди достапни ви се преку графичкиот интерфејс на работната околина за Канотикс (KDE). Иконата веднаш до КМени-то впрочем е мени (како и што наведов), фино би било ако ги разгледате сите тие команди и да увидите која за што е.

Уредување на GRUB

GRUB е стандардниот пуштач на системот. Кога операциите на нивото на BIOS завршуваат, се преоѓа на ниво на пуштач на системот (bootloader). Тука започнува да се извршуваат системски операции на ниво на јадрото на системот. Како и да е, за крајните корисници наједноставно кажано GRUB е мени во кое избирате кој систем да го активирате. Пример, Windows(tm) или Канотикс Линукс (Канотикс инсталацијата автоматски ќе види дали има други системи и ќe додаде во GRUB менито автоматски).

За да го преуредувате менито на GRUB, потребно е да ја уредите датотеката **/boot/grub/menu.lst**. Во неа има испишано едно чудо линии кои најзначајни за вас би биле тие од типот:

 title           Debian GNU/Linux, kernel 2.6.16.2-kanotix-1 Default
 root            (hd0,4)
 kernel          /boot/vmlinuz root=/dev/hda5 ro ramdisk_size=100000 lang=us apm=power-off nomce vga=0x317
 initrd          /boot/initrd.img
 boot

Ова е преземено од мојата menu.lst датотека, со последно ажуриран систем. Првата линија означува име на елементот што ќе го видите во GRUB менито. Може да си го измените како сакате, пример Kanotix Linux. Во втората линија се потенцира каде се наоѓа дрвото на датотечниот систем. Значи каде е инсталиран Канотикс Линукс? Ако сте го инсталирале на /dev/hda1, тогаш втората линија треба да изгледа вака:

 root            (hd0,0)

GRUB дисковите ги означува такашто за примарен диск (тоа што во ГНУ/Линукс светот е hda) го става идентификаторот hd0 (значи hdb, slave дискот би бил hd1), а веднаш по запирката стои бројка која кажува за која партиција се работи. Ако е првата партиција, тогаш оваа бројка е 0, ако е втората тогаш е 1 итн. Значи, уште еден пример, за /dev/hdb2 оваа линија би изгледала:

 root            (hd1,2)

Во третата линија го наведувате кернелот што сакате да се активира кој системот ќе го употребува (впрочем не се знае кој кого употребува, системот кернелот или кернелот системот). Е веќе тука после патеката на кернелот (вклучително со името на кернел-датотеката, во случајот vmlinuz) следува root= каде што кажувате каде се наоѓа кернел-датотеката (Кернелот). Тоа е полезно поради следнава причина: - може да користите кернел за систем инсталиран на една партиција кој се наоѓа на друга партиција. Економично. И зборчето 'ro' укажува на тоа да датотечниот систем е монтиран на /dev/hda5, во read-only режим. Сите понатамошни параметри се кернел параметри кои ќе ги разберите со понатамошно искуство.

Во четвртата линија initrd му симулира на пуштачот на системот датотечен систем од кој може вистина да се извршуваат одредени програми. Значи виртуелен датотечен систем креиран претходно според ликот на вистинскиот датотечен систем, се става во РАМ-от и од таму за потребите на пуштањето на системот се активираат одредени програми. Таа датотека најчесто се наоѓа во /boot/ со име како горенаведеното.

Сите изменувања во оваа датотека се зачувуваат во GRUB откако ќе се сними датотеката. Значи нема потреба како кај LILO да се извршува програма која ќе ги запише измените во MBR-то.