Konsole

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Верзијата за печатење повеќе не е поддржана и може да дава грешки. Подновете си ги бележнците во прелстувачит и користете ја можноста за печатење од самиот прелистувач.
Konsole на македонски

Konsole е слободен емулатор на терминал и е дел од KDE. Оваа апликација е целосно напишана од Lars Doell и е сосема индивидуална, за разлика од многуте други емулатори кои се деривати на xterm или rxvt.

KDE апликациите како Konqueror, Kate и KDevelop ја користат оваа апликација како KPart (делови за KDE) за вгнездување на некои терминални можности.

Кодот на Konsole во KDE4 ќе биде на делови препишан со што ќе се добие уште помоќен емулатор на терминал.

Можности

  • Повеќе ливчиња во еден прозорец
  • Обележувачи за датотеки и директориуми
  • Подесување на позадина и боите на текстот
  • Известување за конзолска не/активност
  • Поддршка за печатење
  • Може да испраќа сигнали до процеси

Врски

Konsole - официјалниот сајт на проектот