Kubuntu: Разлика помеѓу преработките

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 25: Ред 25:


[[Ubuntu]] е започнат пред Kubuntu, што ни кажува дека некои конфигурациони алатки се позрели.
[[Ubuntu]] е започнат пред Kubuntu, што ни кажува дека некои конфигурациони алатки се позрели.
== Инсталација ==
[[Инсталација на Kubuntu]]


= Надворешни врски =
= Надворешни врски =

Преработка од 21:40, 8 март 2008

Вовед

Kubuntu 6.10 Edgy Eft, стандарден изглед

Kubuntu е официјален дериват на оперативниот систем Ubuntu, кој користи KDE како работна околина, наместо GNOME. Kubuntu е дел од проектот Ubuntu и има иста основа како и него. И двата системи може да бидат инсталирани на една Ubuntu основа заедно, со инсталирање на метапакетите ubuntu-desktop или kubuntu-desktop, соодветно. Секој пакет кој е достапен за Ubuntu го има и за Kubuntu. Почнувајќи од верзија 6.06 Dapper, може да се нарачуваат Kubuntu CD-ња преку страната за нарачка на Ubuntu.

Проектот Kubuntu има за цел да биде за KDE тоа што Ubuntu е за GNOME: прекрасно интегрирана дистрибуција со сите добри можности на Ubuntu, базирана на KDE работната околина. Kubuntu излегува редовно според предвидените планови, нова верзија излегува за секоја нова верзија на KDE.

Kubuntu значи кон чувештвото на јазикот Бемба, и бесплатен на јазикот Кирунди. Kubuntu се изговара Кубунту.

Верзии

Kubuntu ги следи истите конвенции за именување и верзии на Ubuntu. Првата верзија на Kubuntu беше верзија 5.04, издадена на 8 Април 2005г. Вклучуваше KDE 3.4 и избор на најпрактичните и употребувани KDE програми. Некои од нив во тоа време не беа стандарден дел од KDE, како што се Amarok, Kaffeine, Gwenview и K3b.

Следната верзија е 5.10 (кодно име Breezy Badger), со KDE 3.4.3 и алатки за полесна конфигурација на системот. Исто така во оваа верзија се појавува и менаџерот за пакети Adept, кој го замени софтверот Kynaptic претходно користен во Kubuntu.

Следуваше верзијата која му донесе најмасовна употреба на целиот Ubuntu проект, 6.06 Dapper Drake, од кога Kubuntu можеше и да се нарачува преку Интернет.

Последна стабилна верзија на Kubuntu е 6.10 Ubuntu_именување#Edgy Eft, а идна верзија која треба да излезе за скоро е 7.04 Feisty Fawn.

И двете десктоп CD-ња имаат повеќе алтернативни верзии, за инсталација преку текстуален или графички мод, за инсталација на PowerPC и x86_64 платформи.

Разлики од Ubuntu

Со стандардна инсталација на Ubuntu имаме GNOME работна околина со сите нејзини апликации (пр. Evolution), додека со стандардната инсталација на Kubuntu имаме KDE работна околина со нејзините апликации (пр. KMail). Сепак, се работи за стандардни пакети и софтвер кој може да биде заменет подоцна со инсталирање на дополнителни пакети со некој од интерфејсите на Apt-get или директно со самата апликација.

Ubuntu е започнат пред Kubuntu, што ни кажува дека некои конфигурациони алатки се позрели.

Инсталација

Инсталација на Kubuntu

Надворешни врски

Kubuntu Linux

Kubuntu wiki

Водич за Kubuntu