Разлика помеѓу преработките на „Mandriva“

Од Сподели wiki
Прејди на: содржини, барај
 
(Поддршка за хардверски делови)
Ред 17: Ред 17:
 
== Поддршка за хардверски делови==
 
== Поддршка за хардверски делови==
  
Скоро за сите дистрибуции на ГНУ/Линукс карактеристично е тоа што за една година се развиваат по две до три верзии. Тоа е резултат на големиот и брз развој на слободниот софтвер. За секоја дистрибуција постои веб презентација каде што може да се провери дали некој хардверски дел е поддржан. На пример, за да се провери дали некој хардверски дел е поддржан од дистрибуцијата „Mandriva Linux“, може да се провери на [[www.mandrakelinux.com/en/hardware.php3 оваа веб презентација]].
+
Скоро за сите дистрибуции на ГНУ/Линукс карактеристично е тоа што за една година се развиваат по две до три верзии. Тоа е резултат на големиот и брз развој на слободниот софтвер. За секоја дистрибуција постои веб презентација каде што може да се провери дали некој хардверски дел е поддржан. На пример, за да се провери дали некој хардверски дел е поддржан од дистрибуцијата „Mandriva Linux“, може да се провери на [www.mandrakelinux.com/en/hardware.php3 оваа веб презентација].
  
 
Најчесто, кога една дистрибуција ќе овозможи поддршка за некој хардверски дел, многу брзо и останатите дистрибуции ја добиваат поддршката за тој дел. Во иднина се очекува скоро сите нови хардверски делови и уреди непречено да работат под ГНУ/Линукс. Модемите со софтверска контрола, коишто се наречени софтверски или „вин-модеми“, најчесто не се поддржани од повеќето дистрибуции на ГНУ/Линукс. Се прават напори и ваквите модеми да работат со ГНУ/Линукс, но се препорачува да се набавуваат модеми со хардверска контрола, т. н. хардверски или „лин-модеми“ затоа што ваквите модеми успешно и стабилно работат под ГНУ/Линукс.
 
Најчесто, кога една дистрибуција ќе овозможи поддршка за некој хардверски дел, многу брзо и останатите дистрибуции ја добиваат поддршката за тој дел. Во иднина се очекува скоро сите нови хардверски делови и уреди непречено да работат под ГНУ/Линукс. Модемите со софтверска контрола, коишто се наречени софтверски или „вин-модеми“, најчесто не се поддржани од повеќето дистрибуции на ГНУ/Линукс. Се прават напори и ваквите модеми да работат со ГНУ/Линукс, но се препорачува да се набавуваат модеми со хардверска контрола, т. н. хардверски или „лин-модеми“ затоа што ваквите модеми успешно и стабилно работат под ГНУ/Линукс.

Преработка од 14:42, 8 мај 2006

Mandriva Linux

Оперативниот систем ГНУ/Линукс е слободен софтвер, издаден под GNU GPL лиценца. Тоа значи дека може слободно да се инсталира, користи, проучува, усовршува, дистрибуира...

ГНУ/Линукс, заедно со голем број програми за најразлични намени, со едно име се нарекува дистрибуција на ГНУ/Линукс. Најпознати и најчесто користени дистрибуции на ГНУ/Линукс се „RedHat“, „SuSe“, „Mandriva“ и др. Деловите потребни за инсталација и извршување на оперативниот систем и програмите, можат слободно да се преземат од Интернет или да се набават на некој носител на податоци, на пример CD или DVD. Денес дистибуциите на ГНУ/Линукс, најчесто се испорачуваат на неколку CD-a или поретко на еден DVD. Процесот на инсталирање е многу едноствна процедура поделена на неколку чекори. За секој чекор при инсталирањето може да се повика непоходно објаснување за опциите.

Економската состојба во Македонија, како и платежната моќ на граѓаните, од една страна, и цените на комерцијалниот софтвер, од друга страна, логично резултираат со зголемено користење на слободен софтвер, каков што е оперативниот систем ГНУ/Линукс. Литература на македонски јазик за инсталирање на ГНУ/Линукс нема. Затоа ценам дека упатството се јавува во момент кога може да биде многу корисно. Наменето им е на сите коишто решиле да научат како се инсталира ГНУ/Линукс. Прикажан е типичен пример на инсталирање со сите потребни чекори коишто треба да се преземат.

Пред инсталирање

Пред да се започне со инсталација на ГНУ/Линукс треба да се избере и да се набави некоја од дистрибуциите на ГНУ/Линукс. Во примерите се користи „Mandriva Linux“, но скоро сите современи дистрибуции имаат многу сличен начин на инсталирање.

ГНУ/Линукс, како и сите современи софтверски пакети, постојано се развива и усовршува. Исто така и компаниите коишто произведуваат компјутерски делови, скоро секојдневно на пазарот претставуваат нови усовршени производи. Затоа пред да се набави некој хардверски дел, којшто ќе биде наменет за работа со ГНУ/Линукс, добро е да се провери дали е поддржан од конкретната дистрибуција којашто ќе се инсталира.

За да може врз некој компјутер да се инсталира оперативен систем, неопходно е подигнувањето на компјутерот да се изврши од медиумот на којшто се запишани програмите за инсталација на оперативниот систем. За да се дефинира начинот на којшто ќе се стартува компјутерот, треба да се постави соодветната опција во BIOS-от (Basic Input/Output System).

Поддршка за хардверски делови

Скоро за сите дистрибуции на ГНУ/Линукс карактеристично е тоа што за една година се развиваат по две до три верзии. Тоа е резултат на големиот и брз развој на слободниот софтвер. За секоја дистрибуција постои веб презентација каде што може да се провери дали некој хардверски дел е поддржан. На пример, за да се провери дали некој хардверски дел е поддржан од дистрибуцијата „Mandriva Linux“, може да се провери на [www.mandrakelinux.com/en/hardware.php3 оваа веб презентација].

Најчесто, кога една дистрибуција ќе овозможи поддршка за некој хардверски дел, многу брзо и останатите дистрибуции ја добиваат поддршката за тој дел. Во иднина се очекува скоро сите нови хардверски делови и уреди непречено да работат под ГНУ/Линукс. Модемите со софтверска контрола, коишто се наречени софтверски или „вин-модеми“, најчесто не се поддржани од повеќето дистрибуции на ГНУ/Линукс. Се прават напори и ваквите модеми да работат со ГНУ/Линукс, но се препорачува да се набавуваат модеми со хардверска контрола, т. н. хардверски или „лин-модеми“ затоа што ваквите модеми успешно и стабилно работат под ГНУ/Линукс.

Поставувања во BIOS (Basic Input/Output System)

BIOS е чип вграден во матичната плоча. Во него се меморирани програми за контрола на работата на влезно-излезните функции на компјутерот, како што се комуникацијата со хард дискот, печатачот, RAM меморијата, мониторот и сл. При вклучување на компјутерот, контролата прво ја презема BIOS-от. Тој ги иницира основните хардверски делови и го подигнува оперативниот систем. Со една од функциите на BIOS се дефинира од кој уред ќе се подигне компјутерот. Дали тоа ќе биде дискетна единица, тврд диск, CD-ROM или некој друг уред. Современите дистибуции на ГНУ/Линукс најчесто се испорачуваат на CD. Затоа во BIOS треба да се дефинира дека подигнувањето на оперативниот систем треба да биде преку CD-ROM. Постојат повеќе видови BIOS, а за да се изврши промената, веднаш по вклучувањето на компјутерот треба да се притисне копчето „Del“. За некои видови BIOS, наместо копчето „Del“, треба да се притисне некој од копчињата „F2“, „F10“, или „Esc“. За правилно инсталирање на ГНУ/Линукс, во BIOS треба да се исклучи опцијата за автоматско иницирање на хардверските делови, наречена „вклучи и работи“ (plug and play). Со тоа се овозможува, наместо BIOS, ГНУ/Линукс да ги иницира уредите поврзани на компјутерскиот систем. Во различни видови BIOS, оваа опција е наречена PNP OS installed, или Plug'n'Play OS installed.

Инсталирање

Инсталирањето на ГНУ/Линукс се врши во неколку последователни чекори во коишто се задаваат сите потребни податоци. За да се започне со инсталирање, во BIOS се поставува опцијата за да системот се подигнува од CD-ROM. Во компјутерот се става првиот компакт диск за инсталација и се рестартира компјутерот. Со тоа контролата врз компјутерот ја презема инсталациониот компакт диск.

Почеток на инсталирање

Доколку се е направено како што треба, се појавува првиот прозорец и со притискање на копчето „Enter“, се започнува со инсталирањето.

Избор на јазик

Во вториот чекор се избира јазикот на којшто ќе се работи. ГНУ/Линукс е преведен на многу јазици, а делумно е преведен и на македонски јазик. За да одберете македонски јазик, треба да се одберете „Europe/Македонски“. Во опцијата којашто се повикува со одбирање на копчето „Advanced“, се избира начинот на кодирање на тастатурата. Современите оперативни системи работат со т. н. „Unicode“. Оваа опција е одбрана однапред и затоа не треба да се менува.

Прифаќање на лиценцата

Во овој прозор се прикажува лиценцата под којашто е издадена дистрибуцијата. Во случај кога корисникот ги прифаќа условите дефинирани во лиценцата, инсталирањето продолжува, а доколку корисникот не ги прифати условите на лиценцата, инсталирањето завршува.

Избор на глувче

Постојат многу видови глувци (со две или три копчиња, без или со тркалце и др.). Со компјутерот можат да бидат поврзани преку неколку конектори (сериски, PS/2, УСБ). Во овој чекор се избира драјвер за глувчето. Доколку не се направи правилен избор за глувчето, тој најверојатно нема да работи правилно. Затоа е важно точно да се дефинира какво глувче е поврзано со компјутерот.

Избор на комбинација на копчиња за менување на режимот на пишување

Во ГНУ/Линукс може да се пишува со кирилица, а притоа квалитетот на буквите, бројките и знаците да биде еднаков со квалитетот на латиничното писмо. Ова е овозможено со помош на стандардите „Unicode“ или „ISO 10646“ и „ISO 8859-5“ коишто овозможуваат т. н. повеќејазична поддршка. Во овој чекор се избира комбинација на копчиња со којашто ќе се менува режимот на пишување од кирилица на латиница и обратно. Најчесто се избира комбинацијата „Alt + Shift“.

Избор на ниво на заштита

ГНУ/Линукс овозможува неколку нивоа на заштита на пристапот до директориумите и датотеките. Колку што се зголемува нивото на заштита, толку се намалува пристапот и до некои корисни можности на системот. Од друга страна пак, со намалување на нивото на заштита се овозможува полесен неовластен пристап до податоците. Во овој чекор се избира нивото на заштита, а препорачливо е да се избере стандардно ниво. Доколу некој се обиде неовластено да пристапи до директориуми или датотеки, ГНУ/Линукс може да испрати електронска порака со известување за тоа. Корисничкото име или адресата на е-пошта на администраторот за безбедност може да се зададе во полето за внесување „Security Administrator“ (login or email).

Дефинирање партиции

Меморискиот простор од тврдите дискови се дели на логички целини наречени партиции. Еден тврд диск може да се подели на повеќе партиции. Доколку во компјутерот се инсталирани повеќе од еден тврд диск, една партиција може да зазема мемориски простор од повеќе тврди дискови. Во овој чекор се дефинираат партициите коишто ќе ги користи ГНУ/Линукс. Може да се избере една од понудените опции, и тоа:

  • „Use existing partitions“ – се користат партиции коишто претходно биле креирани;
  • „Erase entire disk“ – се брише целиот диск;
  • „Use the free space on the Windows partition“ – се користи празен простор од партиции дефинирани за Виндоус и
  • „Custom disk partitioning“ – се дефинираат партиции по избор.

Најдобро е да се избере последната опција затоа што на тој начин се повикува прозорец во којшто партициите се дефинираат најпрегледно и најпрецизно. За нормална работа на ГНУ/Линукс, потребни се најмалку три партиции. Првата партиција е наречена основна, или „root“ партиција. Се означува со коса црта (slash) „/“. На неа се запишува кернелот заедно со сите апликации кои што доаѓаат со ГНУ/Линукс. Втората партиција (swap) служи за привремено запишување на податоците за коишто нема место во работната меморија (RAM). Оваа партиција треба да зазема мемориски простор барем за еден и половина пат повеќе од работната меморија (RAM-от). На третата партиција се запишуваат директориумите и датотеките коишто ги креираат корисниците. Оваа партиција се означува со „/home“. Подоцна, кога ќе се креираат корисниците на системот, во оваа партиција за секој корисник ќе се креира директориум со неговото име. Во тој директориум ќе се меморираат сите директориуми и датотеки коишто ќе ги креира тој корисник. На пример, директориумот „/home/dean“ ќе биде основниот директориум на корисникот „dean“.

При инсталирање на современа дистибуција на ГНУ/Линукс, дефинирањето на партициите може да се изврши и автоматски. За да се направи автоматско дефинирање на партициите, прво треба да се кликне врз слободниот простор од графичкиот приказ лоциран во горниот дел од прозорецот и потоа да се кликне врз „Auto allocate“.

За нормална работа на системот, партициите треба да бидат форматирани. Со кликнување врз копчето „Done“ се врши форматирање на зададените партиции и се оди на следниот чекор од инсталацијата.

Избор на програми (пакети)

Современите дистрибуции на ГНУ/Линукс содржат по неколку илјади програми. Тие се спакувани во пакети. Во една дистрибуција има пакети за најразлични намени, а најпопуларните и најкористени програми се наоѓаат скоро во сите дистрибуции. Програмите се групирани според намената, а најчесто за иста намена во една дистрибуција има повеќе програми. Дистрибуциите најчесто предвидуваат една или само неколку програми со иста намена, а другите програми можат да се изберат индивидуално. Откако ќе се дефинираат и форматираат партициите, инсталирањето продолжува со избор на програми коишто ќе бидат инсталирани. Прво се избира кои групи програми ќе се инсталираат. Програмите се поделени во два дела, едни само за инсталација на работна станица и други за инсталација на сервер.

Од корисничките најчесто се среќаваат „Office“ – за канцелариско работење, „Games“ – игри, „Multimedia“ – мултимедија, „Network“ – за работа во мрежа, „Configuration“ – за поставувањата итн, а од серверските „Web/FTP“ – за веб и пренос на датотеки, „Mail“ – за електронска пошта, „Database“ – за бази на податоци, „Firewall/Route“ – за заштита, рутирање итн.

Со секоја дистрибуција доаѓаат и повеќе работни околиони. Најчесто користени се КДЕ и Гном, a во примерите во текстов се користи КДЕ.

Со обележување на „Individual package selection“ се повикува прозорецот за индивидуално избирање програми од секоја група. Во овој прозорец секој пакет може да се избере индивидуално.

По завршувањето на инсталирањето, во секојдневата работа, програмите можат да се инсталираат или деинсталираат.

Копирање пакети и менување компакт дискови

Откако ќе се дефинира изборот на програми кои што ќе се инсталираат, започнува копирањето на пакетите. Заради обемноста на дистрибуциите на ГНУ/Линукс, тие најчесто се наоѓаат на неколку CD-иња. Затоа, во текот на копирањето, инсталационата програма го информира корисникот дека треба да го замени компакт дискот. Компакт дисковите се означени со бројки, но во зависност од избраните пакети, некогаш редоследот на нивното ставање во компјутерот не е запазен. Важно е само да се следат инструкциите од инсталационата програма.

Лозинка на администраторот

ГНУ/Линукс е т. н. повеќекориснички, или мултикориснички оперативен систем. Тоа значи дека, на еден компјутер истовремено можат да работат повеќе корисници. При инсталацијата, автоматски се креира еден корисник кој што е наречен администратор или супер корисник (root). Со пријавувањето како администратор се овозможуваат сите активности со системот и затоа се користи само при инсталирање на програми или драјвери, при конфигурирање на системот и сл. Сите останати корисници имаат ограничени привилегии со цел да се оневозможи случајно оштетување на системот, заразување со вируси и сл. Корисничкото име на администраторот секогаш е root, а во овој чекор се задава неговата лозинка.

Дефинирање корисници

Дури и во случај кога компјутерот го користи само едно лице, се креираат дваjца корисници, еден администраторски и еден обичен за редовна работа. На овој начин се избегнуваат евентуалните оштетувања на системот, предизвикани од невнимание или незнаење. Во овој чекор се дефинираат корисниците за редовна работа. Подоцна, во секојдневата работа, администраторот може да дефинира нови корисници, или да ги брише постоечките. За да се дефинира корисник треба да се внесе, неговото вистинско име, корисничко име и лозинка. При внесување на лозинката, наместо карактерите коишто се внесуваат, на екранот се прикажува знакот ѕвездичка „*“. За да не дојде до погрешно внесување на лозинката, таа треба да се внесе уште еднаш. Со клинување врз иконата прикажана во овој прозорец, таа се менува. На тој начин за секој корисник може да се дефинира различна икона. Внесувањето на корисникот се потврдува со кликнување врз екранското копче „Accept user“.

Подигнување со еден корисник

Кога се дефинирани повеќе корисници, при стартување ГНУ/Линукс се појавува прозорец од каде што се избира кој корисник ќе работи со компјутерот. Во случај кога е дефиниран само еден корисник, прозорецот нема да се појави или пак ќе се појави само еден корисник во него. Затоа, при инсталирањето, може да се дефинира, подигнвуањето на ГНУ/Линукс да биде директно со единствениот корисник којшто е дефиниран. Исто така може директно да се избере и која работна околина да биде стандардна, на пример КДЕ. Тоа се постигнува со обележување на опцијата за директно подигнување и со избирање на КДЕ од менито за избор на работна околина.

Локација на подигнувачот

За подигнување на ГНУ/Линукс, задолжен е т. н. подигнувач. Постојат неколку вакви подигнувачи коишто се среќаваат во текстуална и во графичка форма. Најпознати се „LILO“ и „GRUB“, а најчесто се користи графички „LILO“ (linux loader). ГНУ/Линукс може да се инсталира на компјутер на кој што веќе е инсталиран некој друг оперативен систем, на пример „MS Windows“. Во таков случај подигнувачот ја презема контролата за подигнување на компјутерот и овозможува избирање на оперативен систем со којшто ќе се работи. Во овој чекор од инсталирањето се дефинира каде ќе биде запишан подигнувачот. Најдобро е да се запише во т. н. главен запис за подигнување MBR (master boot record).

Последни поставувања

Пред крајот на инсталирањето, ГНУ/Линукс овозможува корегирање на претходно избраните вредности. Во прозорецот од овој чекор се појавува листа со категории кои што можат да се конфигурираат. На тој начин може да се провери дали поставувањата се правилно извршени. Покрај секоја категорија, во десниот дел има копче „Configure“. Со кликнување врз него се повикува прозорец во кој што може да се изврши корегирање на поставувањата за соодветната категорија.

Можност за ажурирање

Развојот на слободниот софтвер е многу брз. Во една година, за секоја ГНУ/Линукс дистрибуција се усовршуваат и по неколку верзии. Новите верзии на програмите се поставуваат на интернет и се овозможува слободно ажурирање или надградување.

Доколку во компјутерот е вграден модем, или постои некој друг начин на пристапување кон интернет, на пример преку мрежа, во прозорецот од овој чекор може да се направи ажурирање на системот. Тоа се прави со избирање на радио копчето „Yes“. Во секојдневата работа со компјутерот, администраторот има можност за ажурирање на системот.

Рестартирање

Во прозорецот на последниот чекор од инсталирањето се прикажува текст со информација дека инсталирањето е успешно завршено. Во овој чекор од компјутерот треба да се извади инсталациониот медиум (CD, или DVD) и со помош на копчето „Reboot“, да се изврши рестартирање на компјутерот.

Прво подигнување

При првото стартување, ГНУ/Линукс повикува т. н. волшебник. Со негова помош се конфигурира работната површина на корисникот, а доколку компјутерот има можност за поврзување на интернет, може да се постави и начинот на пристап, работата со електронска пошта и сл. Овие поставувања можат да се вршат и подоцна, при секојдневата работа и затоа најчесто со помош на копчето „Skip Wizard“ користењето на овој волшебник се прескокнува.

По завршување на инсталацијата

Откако ќе заврши процесот на инсталирање, оперативниот систем и програмите можат слободно да се користат, проучуваат, усовршуваат и т. н., затоа што ГНУ/Линукс е слободен софтвер. Една од можностите кои што ги нуди слободниот софтвер е негово преведување. ГНУ/Линукс како и некои позначајни програми, на пример „OpenOffice.org“, делумно се преведени и на македонски јазик. Избор на јазик се прави уште во вториот чекор на инсталирање. Подоцна, при последното конфигурација од инсталацијата, изборот на јазикот може да се измени. Преку овој начин на избор, јазикот се избира за сите корисници кои што ќе се креираат. По завршување на инсталацијата, избор на јазик може да се направи за секој корисник посебно. Ова се постигнува со помош на програмата „LocaleDrake“. Оваа програма може да се повика преку главното мени, или со помош на конзолната наредба „localedrake“. „LocaleDrake“ последователно повикува два прозорци, еден за избор на на јазик и еден за избор на земја или регион. Доколку треба да се изврши измена на јазикот за сите корисници, тогаш наредбата „localedrake“ треба да се изврши како администратор или супер корисник (super user – su).


Вложени се максимални напори за што поквалитетна подготовка на упатството. Авторот не може да се смета одговорен за каква било штета, која евентуално би настанала при користење на оваа книга, на посреден или непосреден начин.

Деан Јошевски dean@integraeng.com.mk