Mark Shuttleworth

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Верзијата за печатење повеќе не е поддржана и може да дава грешки. Подновете си ги бележнците во прелстувачит и користете ја можноста за печатење од самиот прелистувач.
Mark Shuttleworth на станувањето патрон на KDE

Mark Richard Shuttleworth, роден на 17 септември 1973г. е јужно-афрички организатор и претприемач, кој стана популарен за неговото второ туристичко и прво афричко патување во веселената. Моментално е добро позната личнот во заедницата на Thawte и Ubuntu. Shuttleworth е роден во Welkom, Јужна Африка. Моментално живее во Лондон и има двојно државјанство, едно од Јужна Африка и едно од Обединетото Кралство.

По завршувањето на школото во Diocesan колеџот, Shuttleworth се здоби со диплома за бизнис наука на факултетот за Финансии и Информациони системи на универзитетот во Кејп Таун.

Shuttleworth се здоби со светска слава на 25 април 2002 како цивил-космонаут на руската мисија Сојуз ТМ-34, за што плати приближно 20 милиони долари. Два дена покасно леталото на Сојуз слета на Интернационалната вселенска станица, каде што помина 8 дена и каде што зеде учевство во експерименти поврзани со СИДА и истражувања за геномот. На 5 мај, се врати на Земја.

Работа

Shuttleworth го оформи проектот Thawte во 1995г., кој го специјализира за интернет безбедност и дигитално сертифицирање и потоа го продаде на VeriSign во декември 1999г., со што заработи 3.5 милијарди долари.

Во септември 2000г., Shuttleworth го оформи HBD Venture Capital.

Во 2001г. ја оформи Shuttleworth фондацијата, непрофитна организација посветена на социјалните иновации кои исто така спонзорираат образовни проекти и проекти на слободен софтвер во Јужна Африка.

Во 90тите, Shuttleworth учевствувал во развојот на Debian системот. Во 2004г. се врати во Linux светот со оформувањето на Ubuntu, крајно-кориснички и серверски оперативен систем, дистрибуција на Linux преку текот на неговата компанија Canonical Ltd. Во 2005г. ја формира Ubuntu фондацијата и направи првична инвестиција од 10 милиони долари во неа. Во септември 2005г. откупи 65% од акциите на ImpiLinux.

На 15 октомври е соопштено дека Shuttleworth станува примарен патрон на проектот KDE, највисокото ниво на спонзор.

Врски

Страната на Shuttleworth

Фондацијата Shuttleworth

Ubuntu

[Категорија:Познати личности] [Категорија:Ubuntu]