MozillaMacedonia/FirefoOSFinkiEvent2014

Од Сподели wiki
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Содржина за сајт

Инфо за настанот

FirefoxOS доаѓа во Македонија.

Запознавањето со мобилната лисица за програмери ќе се случи на 10 мај во просториите на ФИНКИ.

Погледнете ја програмата за настанот (линк).

Ако сакате да учествувате можете да се пријавите овде (линк).

Ако сакате да помогнете можете да се пријавите за ментор (линк).

Следете нѐ на @Mozilla_MK.

Програма

Да се внесе од google doc-от штом ќе биде уточнета до крај

Повик за ментори

Ако имате искуство во програмирање, се снаоѓате во JavaScript и HTML тогаш можете да бидете ментор на овој настан. Пред настанот ќе организираме краток тренинг за сите ментори да се запознаат со деталите за спроведувањето на програмата.

Покрај програмерски вештини ќе ви треба и трпение и посветеност. Ќе треба да дојдете први на настанот и да останете со вашите ученици до самиот крај.

Повик за ученисци

Ако сакате да се запознаете со FirefoxOS и знаете како да напишете "Hello World" во HTML и JavaScript тогаш можете да се пријавите! Местата се ограничени на 40 и пријавите важат по принципот кој прв.

Треба да дојдете со ваш лаптоп и желба за учење. Ние ќе обезбедиме кафе и колачиња.

FAQ

  1. Каде
    Соба 117 во зградата на Технолошкиот факултет (ул.... таа и таа, како се стигнува до собата) Штом ќе стигнете во објектот следете ги знаците со познатото лого на Firefox.
  2. Кога
    На 10 мај 2014 со почеток во 9 часот наутро.
  3. Кој
    Настанот е планиран за 40 учесници кои треба да поминат низ процесот на пријавување. Ако не се пријавите, а сте љубопитни, сепак можете да нѐ посетите.
  4. Потребна опрема
    Задолжително носете ваш лаптоп и полнач.

Press-release

(да се пинга http://www.nvoinfocentar.org.mk/ за дистрибуција по медиуми)


FirefoxOS запознавање во Македонија

Mozilla Македонија

-- внеси датум овде --

Скопје – Локалната заедница на Mozilla со поддршка на Mozilla Inc. на 10 мај 2014 година ќе одржи настан за претставување и запознавање на FirefoxOS со домашната програмерска заедница.

Еднодневниот настан ќе им овозможи на учесниците директно (hands-оn) запознавање со новите технологии за мобилни уреди од Mozilla - FirefoxOS.

FirefoxOS e нов оперативен систем за мобилни телефони кој ја носи моќта на отворената мрежа на мобилните уреди и со тоа ќе им овозможи поголема приватност, слобода и контрола во секојдневното мобилно искуство.

Настанот ќе се одржи во просториите на ФИНКИ, ул... таа и таа... соба 117

Настанот е помогнат од 2с.мк, ФИНКИ, телеком / неотел.... ? кој друг ако треба да се поправи.

За повеќе информации посетете го firefoxos.mozilla.mk или контактирајте нѐ.

За Mozilla Македонија Mozilla Македонија е група на волонтери од Македонија која помага во ширењето на вредностите што Mozilla ги промовира и технологите што ги произведува со цел помогнат на луѓето да го контролираат и истражат целиот потенцијал на нивните животи на интернет.

http://mozilla.mk/

За Mozilla Мрзлив каурин поп се прајт. Mozilla е светска заедница на технологисти, мислители и градители кои што работат заедно за да го одржат интернет жив и достапен, така што луѓето од целиот свет ќе можат да бидат информирани создавачи и придонесувачи на мрежата. Веруваме дека овој чин на човечка соработка на отворена платформа е суштински за поединечен развој и нашата заедничка иднина.


Контакт

За повеќе информации контактирајте со

име и презиме

телефон

email