NSND/2011/Струмица

Од Сподели wiki
Прејди на: содржини, барај

Што и кога

НСНД Струмица 17-18.09.2011

На 17 и 18 септември ќе се одржи првиот НСНД (Ништа се нече догодити, мк. Ништо нема да се случи) настан во Струмица. Настанот ќе се одржува во ОУ „Маршал Тито“ (види мапа).

На настанот ќе се обработуваат теми поврзани со слободниот софтвер, слободната култура, хакирање, програмирање, ГНУ/Линукс, електроника и сѐ друго што ќе договориме на лице место, во зависност од тоа кој што има да понуди и сака да научи. Влезот е слободен и секој може да дојде, а посебно е препорачливо за „АјТи“ луѓето.

После завршувањето на првиот ден се оди на јадење/пиење и најверојатно на некоја журка.

За тие што не знаат што е НСНД - читнете тука или на кратко: НСНД е собир на корисници на слободен софтвер и технолошки ентузијасти. Програмата се договара на лице место во соработка со сите присутни со тоа што секој се претставува и додава што би можел да понуди т.е. да презентира и што би сакал да научи/види.

Што е НСНД?

Програма

Како што е вообичаено, точната програма ќе ја составуваме на лице место. Но тоа не значи дека овде не може да се нафрлаат идеи или некој да напише што сака да слуша.

  • Арангел: можам да зборам за pidgin + otr, GnuPG + thunderbird, инфраструктурата на заедницата: How to get started? (wiki-ија, баг тракинг, проекти и сл)
  • Алекс: може да зборам за ардуино, хардвер, цнц, репрап, роботи, ласери, world domination, електроника, микроконтролери и сл.
  • Борис: можам за WordPress (додатоци, теми, локализирање).

Сместување

Хотел „Централ“ - Струмица. Двокреветни соби со доручек. Цена 1540 денари за соба. 770 по човек. Пишете се подолу ако сакате сместување.

  1. Дамјан
  2. Арангел
  3. Новица
  4. Дарко (Куманово)
  5. Далибор (Куманово)
  6. Алекс
  7. Владан
  8. Аждер
  9. Боки
  10. Марија (двокреветна соба со Боки)
  11. Золтан

Превоз

Борис - нема кола, му треба превоз;

Алекс - нема кола.

Золи - нема кола.