PPPoE

Од Сподели wiki
Преработка од 18:28, 3 февруари 2007; направена од Admin (разговор | придонеси)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

АДСЛ преку pppoe

Ако имате АДСЛ модем и сакате да се поврзете на Интернет преку GNU/Linux со остварување на врска преку PPP over Ethernet сметка, тоа можете да го направите со следните алатки:

Алатки за PPPoE врска

Различни системи имаат различен пристап кон остварување на АДСЛ врска. По пријателски-настроените кон корисникот дистрибуции имаат графички интерфејси кои се лесни за користење без употреба на терминал емулатори.

pppoeconf

Во Debian базираните дистрибуции (Ubuntu/Kubuntu, Kanotix, итн.) има една алатка која преку графички интерфејс ви поставува неколку прашања и остварува PPPoE врска.

Отворете терминал емулатор (Konsole, gnome-terminal, xterm) и напишете:

  # su
  # pppoeconf

или за Ubuntu:

  # sudo pppoeconf

pppoeconf треба да ја пронајде мрежната картица на компјутерот. Ако ја пронајде притиснете <Yes>. Pppoeconf треба да пронајде АДСЛ врска на мрежната картица. Притиснете <Yes>. Продолжете додека не ви биде побарано корисничкото име и лозинката. Внесете ги. Одберете АДСЛ конекцијата да се стартува при подигањето на системот.

adsl-setup

Отворете терминал емулатор (Konsole, gnome-terminal, xterm) и напишете:

 # su 
 # adsl-setup

внесете ги целосно вашето корисничко име и лозинка. Одберете автоматско земање на ДНС адреса од снабдувачот за Интернет (eng. provider) и одберете 1. во изборот за firewall. Користете adsl-start за стартување на конекцијата ако веќе таа не е стартувана.

Yast

Во SUSE Linux препорачливо е да се користи Yast алатката за правење на АДСЛ конекција на интернет.

YaST се вклучува од SUSE менито или на KDE од KMenu => System => YaST. При вклучувањето треба да ја внесете лозинката од администраторот (root).

За АДСЛ треба да ја конфигурирате мрежната картичка на вашиот компјутер. Така лево во прозорецот на YaST има мени од кое треба да изберете Network Devices => Network Card. Ви се отвора нов дијалог прозорец со листа на вашите постоечки мрежни картички. Одберете ја вашата мрежна картичка и притиснете на Edit. Тука треба да одберете дали имате DHCP сервер или статичка IP адреса. Ако имате статичка внесете ја, би требало да изгледа вака: 192.168.0.2 а потоа нашишете во полето Subnet Mask 255.255.255.0 . Подолу имате копче Host Name and Name Server. Таму треба само во полето Name Server 1 да внесете 195.26.152.19 а во полето Name Server 2 треба да внесете 195.26.152.50 .Притиснете на OK и се враќате на стариот дијалог прозорец од каде треба да притиснете на копчето Routing. Таму треба да ја напишете IP адресата на вашиот рутер/модем што најчесто е 192.168.0.1 и да притиснете Add и потоа OK. Со притискање на Next копчето вашата мрежна картичка е конфигурирана за АДСЛ интернет преку рутер/модем.

pppoe-setup

На некои системи каде претходно споменатите алатки не постојат може да се искористи шел-алатката pppoe-setup. Пристапот кон остварување на врска е ист како и кај претходните. Најчесто вие само стискате Enter и внесувате валидно корисничко име и лозинка за вашата врска. pppoe-setup може да се искористи на Slackware, Debian и сл.